Beirut: 'da esplosione cratere profondo 43 metri'

Папата Фрањо: Либан е порака, проект на мирот

Во понеделник, 26 август 2024 година, папата Фрањо прими семејства на жртвите од разорната експлозија што се случи во 2020 година во Бејрут, Либан. Меѓу другото, тој посочи дека граѓаните имаат „право на зборови и дела кои покажуваат одговорност и транспарентност“. Покрај тоа, повика на прекин на војната на Блискиот Исток и ја изрази својата желба „Земјата на кедровите“ да продолжи да биде верна на својот повик како земја каде што „различните вери и исповеди се среќаваат братски“.
  1. Откако ја прими делегацијата од околу 30 луѓе, Папата рече дека продолжува да се моли и тагува со нив. Многу луѓе по трагедијата се обидоа својата болка да ја претворат во политичко дејствување, барајќи вистина и правда, бидејќи досега никој не е предмет на судска постапка поради експлозијата. Според надлежните, експлозијата била предизвикана од пожар во магацин во кој со години се чувало ѓубриво на база на амониум нитрат, додека Здружението на семејствата на жртвите посочува дека некои политичари и полициски службеници го попречиле текот на истрагата.
  2. „Со вас барам вистина и правда. Сите знаеме дека ова прашање е комплицирано и трнливо и дека е оптоварено со конкурентски сили и интереси. Но вистината и правдата мора да надвладеат над сè. Поминаа четири години; либанскиот народ, а вие пред се, имате право на зборови и дела кои покажуваат одговорност и транспарентност“, рече Светиот Отец.
  3. Понатаму, изрази тага поради воените настани на Блискиот Исток. Светиот Отец истакна дека моли за мир, истакнувајќи ја уникатната улога на Либан како земја на различни заедници кои живеат во хармонија. „Либан е и мора да остане мировен проект“, истакна Папата.
  4. Во своето обраќање Светиот Отец им се заблагодари на пастирите, монасите и монахињите кои продолжуваат да се грижат за оние кои ги загубија своите најблиски. „Не сте сами и нема да ве оставиме сами“, заклучи тој, додавајќи дека ќе продолжи да се солидаризира со нив „во молитва и конкретнио милосрдие“.
  5. „Во вас го гледам достоинството на верата, благородноста на надежта. Како достоинството и благородноста на кедарот, симболот на вашата земја! Кедрите нè повикуваат да погледнеме нагоре, кон Небото: во Бога е нашата надеж, која не разочарува. Богородица од нејзиното светилиште во Хариса секогаш нека бдее над вас и либанскиот народ“, рече на крајот папата Фрањо.
  6. Во експлозија во пристаништето на либанската престолнина на 4 август 2020 година, повеќе од 200 луѓе ги загубија животите, повеќе од 6.000 беа повредени, а 300.000 луѓе беа раселени. Материјалната штета исто така е огромна.
26 август 2024, 23:08