PALESTINIAN-ISRAEL-CONFLICT

Папата: Мир за многу земји во војна; близина со оние кои изгубиле сè

На крајот од генералната аудиенција, Папата повторно упати апел за Палестина, Израел, напатената Украина, Мјанмар и Северен Киву; да молиме морињата и пустините да станат простори каде Бог може да ги отвори патиштата на слободата и братството

На крајот од генералната аудиенција на 28 август 20254 година, папата Фрањо повторно ги посвети своите мисли на земјите погодени од конфликти и насилство. Посебно ги спомна, загрижен за населението кое живее во страдања, среде големи неволји и болки.

Да мислиме на земјите во војна, на многу земји кои се во војна. Да мислиме на Палестина, Израел, напатената Украина, да мислиме на Мјанмар и Северен Киву.

Има многу земји во војна – повтори Папата и го повика Бога, молејќи го за прекин на непријателствата и конфликтите. Господ нека им даде мир – рече Петровиот наследник.

Светиот Отец потсети и на Украина, во поздравот до полските верници кои веќе неколку години покажуваат голема самарјанска помош и големо разбирање за воените бегалци и ги охрабри да продолжат да прават добри дела.

Бидете уште повеќе гостопримливи кон оние кои изгубиле сè и доаѓаат кај вас, оние кои сметаат на вашето милсордие и вашата братска помош. Во тоа нека ве поддржува светото назаретско семејство, кое исто така во момент на опасност побара засолниште во туѓа земја.

Свети Августин нека го вдахне братството

На денот кога се празнува литургискиот спомен на свети Августин, Папата во поздравот до ходочесниците од француското говорно подрачје ги поттикна верниците да упатуваат до него молитви за да се разбуди солидарноста меѓу народите.

Да го молиме свети Августин, кого денес го чествуваме, морето и пустината да станат простори каде Бог може да ги отвори патиштата на слободата и братството.

Да го бараме Бога и мудрост како епископот Хипонски

Обраќајќи им се на германските ходочесници, папата Фрањо рече дека по долго патување на внатрешно преиспитување, епископот од Хипон сфатил колку Бог, нашиот Создател, нè сака и дека нашите немирни срца на крајот наоѓаат мир и спокој само во Него. Затоа посака сите да го доживеат искуствотот на Божјиот мир, кој го надминува секој разум. На крајот, пред завршниот благослов, Папата поттикна да земеме пример од свети Августин, да бидеме желни за вистинска мудрост и непрестајно да го бараме Господа, живиот извор на вечната љубов.

29 август 2024, 06:57

Последни Ауденции

Прочитајте сé >