Папата до верниците во Никарагва: Никогаш не се сомневајте во Бог, дури и во најтешките моменти
Папата Фрањо испрати Пасторално писмо до верниците од Никарагва, централноамериканска земја која со години се соочува со тешка криза која ја зафати и Католичката црква, поради серијата апсења и протерувања на бискупи и свештеници. Затоа Папата истакнува: „Не заборавајте на Божјата промисла полна со љубов, која нè придружува и е единствениот сигурен водич. Токму во најтешките моменти, кога станува човечки невозможно да се сфати што сака Бог од нас, повикани сме да не се сомневаме во неговата грижа и милосрдие“.
Доверба во Бога и верност кон Црквата
„Доверба во Бога и верност кон Црквата“, наведува Папата во посланието, „се двата големи светилници кои го осветлуваат постоењето на верниците во Никарагва“. Папата ги уверува дека верата и надежта прават чуда; Пример за тоа е Пречистата Дева Марија, големо сведоштво за доверба. Секогаш сте ја искусувале нејзината мајчинска заштита во сите ваши потреби и ѝ изразувате благодарност со многу убава и духовно богата побожност“, истакнува папата Фрањо.
Охрабрување во време на неволја
Воедно, Светиот Отец изрази надеж дека прославата на Безгрешното зачнување на Марија, кое е своевидна подготовка за почетокот на јубилејот 2025 година, за сите верници на таа централноамериканска земја.ќе биде „охрабрување, кое е потребно во тешкотии, неизвесности и напори“
„Не заборавајте да се ставите во прегратките на Исус“ , ги охрабри Папата, ветувајќи од своја страна дека никогаш нема да недостасува молитвата: „Постојано ја молам Пресвета Богородица да ве утеши и придружува, зајакнувајќи ве во вера сакам силно да нагласам дека Богородица не престанува да се застапува, а ние да не престанеме да молиме Исус секогаш да ве држи за рака“.