Дикастеријата за евангелизација нуди материјали за Година на молитвата
Ватиканската дикастеријата за евангелизација издаде нов материјал за молитвата чија цел е да ги повика верниците „да ја интензивираат молитвата како личен дијалог со Бог“ и да размислуваат за нивната вера и посветеност во денешниот свет.
Новиот прирачник, со наслов Научи нè да се молиме (италијански: „Insegnaci a pregare“), е најнов материјал објавен од Дикастеријата за да и помогне на Црквата додека се подготвува за прославата на јубилејот 2025 година.
Насловот е преземен од барањето на Исусовите ученици во Евангелието според Свети Лука, кое ја дава рамката за подготовка на Црквата за јубилејот.
Врз основа на учењето на папата Фрањо за молитвата
Со поттици од учењето на папата Фрањо, Научи нè да се молиме се состои од поглавја посветени за молитвата во парохијата и семејството; молитва за младите; молитва во затворени заедници; катехеза; и духовни повлекувања; и завршува со дел за „Молитва на верниците за јубилејот 2025 година“.
Според соопштението за печатот, Научи нè да се молиме има за цел да понуди „размислувања, насоки и совети за поцелосно живеење во дијалог со Господ, во однос со другите“.
Повторно откривање на потребата за молитва
Папата Фрањо ја прогласи Годината на молитва повикувајќи ги верниците „да ги засилат своите молитви за да се подготвиме добро да го живееме овој настан на благодат и да ја искусиме силата на Божјата надеж.“
Објаснувајќи ја целта на Годината на молитвата, Папата рече дека годината е „посветена на повторно откривање на големата вредност и апсолутна потреба за молитва во личниот живот, во животот на Црквата и светот“.