Пребарување

2024.01.10 croce dietro filo spinato - Kreuz hinter Stacheldraht  © Kirche in Not

Светиот Престол: Верската слобода се прекршува во третина од земјите во светот

Во своето обраќање на 55. седница на Советот за човекови права, надбискупот Еторе Балестеро, постојан набљудувач на Светиот Престол при Обединетите нации и други меѓународни организации во Женева, повика на обновени меѓународни напори за справување со глобалните прекршувања на човекови права, вклучително и верската слобода.

Човековите права, вклучително и оние против слободата на мислата, совеста и верата, продолжуваат да се кршат во алармантен размер ширум светот, изјави во среда 28 февруари 2024 година надбискупот Еторе Балестреро, постојан набљудувач на Светиот Престол при Обединетите нации и други меѓународни организации во Женева,

Дискриминацијата и прогонот на верниците се во пораст

Говорејќи на 55 седница на Советот за човекови права, која започна на 26 февруари, надбискупот Еторе Балестроро посочи дека дискриминацијата и прогонот на верниците се во пораст во светот.

Тој ги наведе податоците од Папската фондација „Помош на црквата во неволја“, која известува дека верските слободи се прекршени во речиси една третина од земјите во светот, што влијае на околу 4,9 милијарди луѓе.

Во своето обраќање, надбискупот Балестеро се пожали дека во некои западни земји верската дискриминација и цензура се спроведуваат под превезот на „толеранција и инклузија“.

Законодавството насочено кон борба против говорот на омраза често се инструментализира за да се оспори правото на слобода на мисла, совест и вера, што доведува до цензура.

Меѓународна соработка за заштита на достоинството на човековата личност

Во однос на темата за која се разговараше на седницата, надбискупот Балестроро посочи дека во напорите за „поефикасна“ меѓународна соработка, на што повикува папата Фрањо, со цел да се одговори на актуелните предизвици во мултиполарниот свет, „особено да се зајакне почитувањето на најелементарните човекови права“, во центарот на вниманието треба да остане достоинството на секој човек, што е основа на мирот, како што е наведено во Универзалната декларација за човекови права од 1948 година.

За да се подобри мултилатералната дипломатија, рече надбискупот Балестроро, важно е да се поддржат вредностите кои се вкоренети во човечкото достоинство. Ова, пак, бара „обнова на заедничката визија за нашата вродена природа“.

Не можеме да го одвоиме она што е добро од она што е вистинито и она што е длабоко вкоренето во нашата човечка природа.

Вештачка интелигенција и заштита на основните човекови права

Човечкото достоинство, продолжи постојаниот набљудувач на Светиот Престол во Обединетите нации во Женева, треба да стане водечки принцип во развојот и употребата на вештачката интелигенција.

Напредокот на тоа подрачје треба да ги почитува основните човекови права и треба да служи, а не да се натпреварува со човечкиот потенцијал, рече надбискупот Балестеро. Развојот на вештачката интелигенција може да се смета за успешен само ако се однесуваме одговорно и ги поддржуваме основните човечки вредности.

Надбискупот Балестроро понатаму истакна дека многу од предизвиците со кои се соочуваме денес произлегуваат од „недостигот на почитување на човечкото достоинство и неуспехот да се препознае нашата меѓусебна поврзаност“.

„Новите права“ го загрозуваат човечкото достоинство и братство

Тој потсети на обидите да се воведе т.н „нови права“ кои ја доведуваат во прашање светоста на секој човечки живот и „не се секогаш во согласност со она што е навистина добро за човекот“.

Тие „нови права“, рече постојаниот набљудувач на Светиот Престол во Обединетите нации во Женева, доведе до она што папата Фрањо го нарече „идеолошка колонизација“ што го поткопува човечкото достоинство, како и човечкото братство, бидејќи создаваат „поделби меѓу културите, општествата и државите, наместо да поттикнува единство и мир“.

„Универзалното братство е суштински услов за целосно остварување на човековите права во денешниот свет“, заклучи надбискупот Балестеро. Сè додека не успееме да признаеме дека сите сме меѓусебно поврзани, сите страдаме“, рече тој на крајот.

03 март 2024, 17:33