Во Струмица се одржа духовна обнова за свештениците од Струмичко – скопската епархија
Во четврток 11 јануари 2024 година во просториите на катедралната парохија „Успение на Пресвета Богордица“ во Струмица се одржа духовна обнова за свештениците од Струмичко - скопската епархија на која присуствува и Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх.
По молитвата Шести час следуваше предавање од отец Илија Стојанов, парох во Радово, кој зборуваше на тема: Зошто беа повикани рибарите?, осврнувајќи се на евангелскиот текст според евангелистот Марко 1,14-20.
Светата Литургија ја предводеше Н.В.П. монс. Киро Стојанов, а проповедаше протојереј ставрофор отец д-р Зоран И. Стојанов, Декан на деканатот Свети Кирил и Методиј, директор на Македонски Каритас и ректор на светилиштето во Паљурци.
Во рамки на духовната обнова свештениците заедно молеа Света Бројаница и имаа можност за света Исповед. Духовна обнова заврши со агапе и заедништво во парохиската сала, споделувајќи ги впечатоците од божиќните празници.