Бискупот Стојанов ги прими членовите на Катедралниот хор од Скопје
Во четврток 4 јанаури 2024 година во бискупската резиденција во Скопје, Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх, монсињор д-р Киро Стојанов на традиционалниот божиќно – новогодишен прием им искажа добредојде на членовите на Катедралниот хор „Пресвето Срце Исусово“ од Скопје. На сребата присуствуваше катедралниот парох о. Винко Маслаќ како и о. Марјан Ристов, бискупски канцелар.
Во оваа прилика беа изразени обострани честитки и разменети подароци. Бискупот Стојанов им се заблагодари нчленовите на Катедралниот хор за нивната несебична пожртвуваност при литургиските славења и им посака успешна и благословена Нова година, упатувајќи им го својот архиерејски благослов.
Хористите, предводени од диригентката Јулија Неловска, му ги честитаа на бискупот Стојанов божиќните и новогодишните празници искажувајќи благодарност за неговата постојаната поддршката, која ја дава на хорот.