2024.12.02 Statement from the religious communities listed in the Constitution

Соопштение од верските заедници наведени во Уставот

Поглаварите на верските заедници во Македонија наведени во Уставот на Македонија, во понедленик 2 декември 2024 година потпишаа соопштение во кое повикуваат за смирување на меѓуетничките тензии во општеството. Соопштението го пренесуваме во целост:

СООПШТЕНИЕ

Живеењето во мултикултурно општество е голема благодат. Средбата на разнообразни култури носи можност за облагородување на духот на човекот и за зголемување на креативноста на целото општество.

Бог ни дал да живееме во една, заедничка држава. Затоа ние, поглаварите на Македонската православна црква ‒ Охридска архиепископија, Исламската верска заедница, Католичката црква, Евангелско-методистичката црква и Еврејската заедница, ги повикуваме сите македонски граѓани да не потклекнат пред некои обиди за нарушување на соживотот, туку сите заедно да продолжиме да ја продлабочуваме меѓусебната солидарност и да ја запазуваме почитта едни кон други, кон државните симболи на нашата Татковина и кон симболите на сите етнички заедници во неа.

Скопје, 2.12.2024 г.

 

Архиепископ Охридски и Македонски

СТЕФАН

Реис-ул-улема

ШАЌИР ЕФЕНДИ ФЕТАХУ

Скопски Бискуп и Епарх Струмичко-скопски

КИРО СТОЈАНОВ

Суперинтендент на Евангелистичко-методистичка црква

МАРЈАН ДИМОВ

Претседател на Еврејската заедница

ПЕПО ЛЕВИ

 

02 декември 2024, 19:15