POPE-AFRICA/SOUTHSUDAN-GARANG

Папата на екуменската молитва во Јужен Судан: Оние кои започнуваат војна го предаваат Бога

Папата Фрањо им се обрати на верниците собрани на екуменската молитва во Јужен Судан и ги повика сите присутни на молитва, работа и патување.

Kaj мавзолејот Џон Гаранг во Џуба, завршувајќи го својот втор ден во Јужен Судан, папата Фрањо во сабота 4 февруари 2023 година им се обрати на верниците собрани на екуменска молитва. Тој истакна дека од јужносуданската земја, „уништена од насилство“, „сега многу молитви се воздигнати во небото“.

Папата Фрањо ги замоли сите присутни да размислуваат за три глаголи:

Молење

Првиот е да молиме. Папата Фрањо истакна дека молитвата ни дава сила да одиме напред, да ги надминеме нашите стравови, да го погледнеме, дури и во темнината, спасението што Бог уште сега го подготвува. Тој додаде дека „молитвата го спушта Божјото спасение врз луѓето“ и дека посредничката молитвата е вид на молитва што ние, како пастири на Божјиот свет народ, сме посебно повикани да ја практикуваме. Светиот Отец ги повика сите присутни меѓусебно да се поддржуваат во тој напор.

„Во различноста на нашите исповедувања, да се чувствуваме обединети меѓу себе, како едно семејство, одговорни да молиме за сите“.

Работење

Зборувајќи за глаголот „работење“, папата Фрањо истакна дека мирот Божји не е само примирје во услови на конфликт, „туку братско заедништво што доаѓа од обединување, не од апсорбирање; од помилување, а не од надмоќ, од помирување, не од наметнување“.

Да работиме неуморно, повика Папата „за мирот што Духот на Исус и Отецот нè поттикнува да го градиме: мир кој ги интегрира различностите и промовира единство во плуралноста“.

„Оние кои го избираат Христос избираат мир, секогаш; оние што започнуваат војна и насилство го предаваат Господа и го негираат Неговото Евангелие“.

„Она што Исус нè учи е јасно“, додаде Папата, „ние треба да ги сакаме сите, бидејќи секој е сакан како дете на нашиот заеднички Отец небесен“.

Патување

Третиот и последен глагол е „патување“. Папата истакна дека во оваа земја „христијанските заедници се длабоко посветени на промовирање на процесите на помирување“, пред да ја изрази својата благодарност за ова „блескаво сведоштво за верата родено од спознанието, изразено не само со зборови, туку и со дела што се пред историски поделби, останува еден непроменлив факт, имено, дека сме христијани“.

Зборувајќи за екуменизмот во Јужен Судан, папата Фрањо ја опиша оваа реалност како „драгоцено богатство“ и чин на пофалба на името Исусово.

„Нека сведоштвото за единство меѓу верниците се прелее кај целиот народ“.

Сеќавање и посветеност

Доведувајќи го својот говор до крај, папата Фрањо додаде два последни збора за Јужните Суданци, охрабрувајќи ги да истраат во своето патување: сеќавање и посветеност.

Сеќавање значи да се биде сигурен дека „чекорите што се прават ги следат стапките на оние што поминале пред вас. Посветеност значи патување кон единство кога љубовта е конкретна.

На крајот, папата Фрањо истакна дека заедно со надбискупот од Кентербери и модераторот на црквата на Шкотска, допатуваа во Јужен Судан како ходочасници, за да бидат со нив. Постојано да се сакаме, од срце.

https://www.youtube.com/watch?v=zUHSy17Ehes
05 февруари 2023, 16:06