Pope Francis leads the Angelus prayer from his window, at the Vatican

Ангел Господов: Настојувајте да станете веродостојни гласови кои сведочат за доаѓањето на Исус

За време на молитвата Ангел Господов, папата Фрањо размислуваше за силата на тишитна, за потребата да се слуша и да се станеме веродостојни гласови кои сведочат за доаѓањето на Синот Божји

Папата Фрањо, вдахновен од евангелското читање за втората Недела од Адвент, на 10 декември 2023 година, вниманието го сврте на ликот на Иван Крстител и го опиша како глас што вика во пустината.

Пустината, пустелијата каде што нема комуникација, и гласот, средството за говор изгледаат како две спротивни слики, но во Крстителот се здружуват, рече Светиот Отец обраќајќи им се на присутните на плоштадот Свети Петар.

Им се придружува Иван Крстител, додаде Папата, објаснувајќи го значењето на пустината во проповедта на Крстителот.

Иван проповеда во пустината, во близина на реката Јордан, место каде што неговиот народ, пред многу векови, влегол во Ветената земја. Како да сака да каже: за да го чуеме Бога, мора да се вратиме на местото каде што Бог го придружуваше, чуваше и го воспитуваше својот народ четириесет години - во пустината. Тоа е место на тишина и она суштественото, каде човек не може да си дозволи да губи време на бескорисни работи, туку мора да се фокусира на она што е важно за животот, рече Римскиот бискуп.

Тоа, продолжи папата Фрањо, секогаш е активен потсетник: за да тргнеме по патот на животот, потребно е да се ослободиме од „излишното“, бидејќи доброто живеење не значи да се наполниш со бескорисни работи, туку да се ослободиш од излишното за давсе нурнеме подлабоко во себе и да сфатиме што навистина е важно за Бога. Само ако направиме место за Исус преку тишината и молитвата, кој е Словото на Отецот, ќе можеме да се ослободиме од онечестувањето од празни зборови и брборење.

Тишината и умереноста, додаде Папата - во зборовите, во користењето на работите, медиумите и социјалните мрежи - не се само „цвеќиња“ или крепости, туку суштински елементи на христијанскиот живот.

Глас на автентичност

Фокусирајќи се на втората слика – гласот – Светиот Отец истакна дека е средство со кое го изразуваме она што го мислиме и го носиме во нашите срца. Затоа, сфаќаме дека е тесно поврзан со тишината, бидејќи го изразува она што созрева во нашата внатрешност, од слушањето на она што го предлага Духот.

Ако некој не знае да молчи, тешко дека ќе има да каже нешто добро; додека, колку е поголема внимателната тишината, толку е посилен зборот. Кај Иван Крстител тој глас е поврзан со автентичноста на неговото искуство и бистрината на неговото срце, нагласи папата Фрањо.

Какво место зазема тишината во моите денови?

На крајот, Папата предложи да се запрашаме: какво место зазема тишината во моите денови? Дали е тоа празна тишина, која можеби ме прави потиштен, или простор за слушање, молитва, каде што може да се чува срцето?

Дали мојот живот е трезвен или полн со излишни работи?, ги праша верниците собрани на плоштадот Свети Петар.

Дури и кога дека треба да одиме спротивно на струјата истакна: Да ја цениме тишината, собраноста и слушањето.

На крајот, ги благослови присутните и ја повика Марија, Дева на тишината, да ни помогне да ја сакаме пустината, помагајќи ни да станеме веродостојни гласови кои го најавуваат нејзиниот Син, кој доаѓа.

13 декември 2023, 23:25