TOPSHOT-ISRAEL-PALESTINIAN-CONFLICT

Папата повторно упати апел за прекин на конфликтот во Појасот Газа

„Не за оружјето, да за мирот“, рече папата Фрањо, обновувајќи го својот апел за итен прекин на огнот во Појасот Газа и ослободување на заложниците.

Говорејќи на крајот од Генералната аудиенција во среда, 13 декември 2023 година, папата Фрањо упати нов апел за прекин на војната во Појасот Газа.

Продолжувам со голема загриженост и болка да го следам конфликтот во Израел и Палестина, изјави Римскиот бискуп. Го повторувам апелот за итен хуманитарен прекин на огнот: таму многу се страда.

Ги охрабрувам сите вклучени страни да ги обноват преговорите, додаде Папата и ги повикувам сите итно да се обврзат дека хуманитарната помош ќе биде доставена до луѓето во Газа, на кои им снемува сила и навистина им е потребна.

Папата Фрањо исто така го обнови и апелот за итно ослободување на израелските заложници, истакнувајќи: Веднаш нека бидат ослободени сите заложници кои пред неколку дена видоа надеж во примирјето. Нека заврши ова големо страдање за Израелците и Палестинците.

Ве молам, рече на крајот Светиот Отец, не на оружјето, да на мирот.

Газа е на чекор до целосен крах

Израел продолжува со нападите врз Појасот Газа, со фокус на јужната област. Борби се водеа и во близина на египетската граница и во Џенин на окупираниот Западен Брег.

Поради хуманитарната криза се зголемува меѓународниот притисок. Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека Израел почнува да ја губи глобалната поддршка поради неселективното бомбардирање на Газа.

Агенцијата на ОН за палестински бегалци истакна дека остатокот од Појасот Газа е на работ на целосен крах на граѓанскиот поредок. Министерството за здравство во Газа, кое е под контрола на Хамас, соопшти дека повеќе од 18.000 луѓе ги загубиле животите од почетокот на конфликтот.

14 декември 2023, 09:43

Последни Ауденции

Прочитајте сé >