Папата: Да молиме за оние кои страдаат поради војните и кризите
По влегувањето во Првата недела од Адвент, папата Фрањо објави порака на платформата Х, до неодамна позната како Твитер. Во својата порака Светиот Отец повикува на молитва за ранетите срца и завојуваните народи.
Влеговме во Адвент полни со надеж. Ревно го молиме Царот на мирот да им донесе утеха на нашите ранети срца и на народите кои страдаат поради војните и кризите од секаков вид, за секој да може да живее достоинствено и мирно, напиша Папата.
Божиќниот пост во молитва и со дела на љубов
Светиот Отец ги поттикна верниците на молитва и на 3 декември, во пладневното обраќање на Првата недела од Адвент, пред молитвата Ангел Господов.
Тој ги потикна верниците да бидат будни во текот на Божиќниот пост, за домот на нивните срца да биде уреден и гостољубив за Христовото доаѓање. Затоа што да се бдее, објасни тој, не значи да се чека во страв, како што понекогаш погрешно се толкува, туку да се бдее значи да се држи срцето подготвено.
Папата објасни дека гостољубивото срце за Господ се подготвува кога му пристапуваме на неговото простување, на неговото Слово, на неговата трпеза, наоѓајќи време за молитва, примајќи Го во оние кои се во потреба.
На крајот поттикна да го пречекаме Христа во молитва и дела на љубовта.