2023.04.25 Papa Francesco - Riunione del Consiglio dei Cardinali – C9

Папата го предводи состанокот на Кардиналскиот совет

На 4 декември 2023 година започна последната седница на Кардиналскиот совет во 2023 година. Папата Фрањо на средба со делегацијата на Меѓународната теолошка комисија на 30 ноември најави дека една од темите во центарот на разговорот со кардиналите ќе биде улогата на жената.

„Демаскулинизација на Црквата“

Црквата е жена – рече папата Фрањо, објаснувајќи дека еден од нашите големи гревови е тоа што ја „маскулинизираме“ Црквата. Сепак, додаде тој, проблемот не се решава со министријални средства, туку со мистични, вистински средства. Предлагајќи го балтазаровото разликување на петровиот и маријанскиот принцип, според кои маријанскиот е поважен од петровиот, бидејќи се работи за Црква свршеница, Црква жена и уште еднаш ја нагласи потребната демаскулинизација на Црквата.

Состанок во јуни

Последното заседание на кардиналскиот совет се одржа на 26 и 27 јуни. Тогаш, кардиналите заедно со Папата разговараа за различни прашања, вклучувајќи го тековниот конфликт во Украина, спроведувањето на Апостолската конституција Prаedicate Evangelium во локалните Цркви и работата на Генералното собрание на Комисијата за заштита на малолетниците. Покрај тоа се разговараше и за Генералното собрание на Епископската синод за синодалноста, што се одржа во октомври во Ватикан.

Нов Кардиналски совет

Кардиналскиот совет откако Папата го обнови на 7 март, го сочинуваат кардиналите Пјетро Паролин, државен секретар; Фернандо Вергез Алзага, претседател на Папската комисија за државата Ватикан и управата на државата Ватикан; Фридолин Амбонго Бесунгу, надбискуп на Киншаса; Освалд Грацијас, надбискуп од Бомбај; Шон Патрик О'Мали, надбискуп од Бостон; Хуан Хозе Омела Омела, надбискуп на Барселона; Жералд Лакроа, надбискуп од Квебек; Жан-Клод Холерих, надбискуп на Луксембург; и Серџо да Роча, надбискуп на Сан Салвадор де Баија. Секретар е бискуппот Марко Мелино. Првиот состанок на новиот Кардиналски совет се одржа на 24 април годинава. 

Формирање на Кардиналскиот совет

Кардиналскиот совет беше основан од папата Фрањо со хирограф од 28 септември 2013 година, со задача да му помага во управувањето со општата Црква и да го разгледа проектот за реформа на Римската курија, што се спроведува во согласност со новата Апостолска конституција Praedicate Евангелиум , објавена на 19 март 2022 година. Првиот состанок Кардиналскиот совет се одржа на 1 октомври 2013 година.

06 декември 2023, 12:51