Папата на Денот на сеќавањето на жртвите на Холокаустот: Омразата и насилството ја негираат нашата човечност
Светиот Отец објави порака во сабота, 27 јануари 2024 година, по повод Денот на сеќавањето на жртвите на Холокаустот, во која истакна дека логиката на омраза никогаш не е оправдана.
Бидете свесни, предупреди Папата во видео пораката, како започна тој пат на смрт, истребување и бруталност. Сеќавањето е израз на човечност и знак на цивилизираност, продолжи Папата во пораката.
Исто така сеќавањето е услов за подобра иднина во мир и братство, заклучи Римскиот епископ.
Папата Фрањо на платформа Х
Светиот Отец во објава на Платформата Х апелираше: Сежавањето и осудата на страшното истребување на милиони Евреи и луѓе од други вери, во текот на минатиот век, нека ни помогне да не заборавиме дека омразата и насилството никогаш не можат да се оправдаат, бидејќи тие ја негираат нашата човечност. #WeRemember
Омразата ја негира човечноста
За време на Генералната аудиенција во среда, 24 јануари 2024 година, папата Фрањо потсети за важноста на Денот на сеќавањето на жртвите на Холокаустот, кој се одбележува секоја година на 27 јануари.