Литургиски славења кои ќе ги предводи папата Фрањо во јануари и февруари
Календарот на Папата го потпишува директорот на Папските литургиски славења, монс. Диего Равели.
На 21 јануари, Папата ќе служи света Литургија во 9.30 часот во Ватиканската базилика по повод Неделата на Словото Божјо.
Само четири дена подоцна, на 25 јануари, Папата во базиликата Свети Павле надвор од ѕидините во Рим ќе ја предводи Втората Вечерна молитва во 17.30 часот. На тој ден, празникот на преобраќање на свети Павле, е традиционална екуменска средба со која се затвора Молитвената недела за единство на христијаните.
На празникот Сретение Господово, 2 февруари, кој во Црквата се празнува како Ден на посветениот живот, Папата ќе служи света Литургија во 17.30 часот во базиликата Свети Петар.
Во недела, на 11 февруари 2024 година, во 9.30 часот, ќе има света Литургија на која папата Фрањо ќе ја прогласи за светица блажената Марија Антонија од Свети Јосиф де Паз и Фигуероа, монахиња од Аргентина, основачка на Дружбата на ќерките на Божествениот Спасител. Светиот Отец ја прогласи за блажена во 2016 година.
Во среда на Пепрлница, 14 февруари, Папата ќе ги предводи традиционалните обреди. Во 16.30 часот ќе има покајничка „постојка“ (statio) и покајничка процесија во црквата Свети Анселм во Рим. Потоа во 17.00 часот во базиликата Света Сабина ќе слави света Литургија со пепелење.