Папата го осуди нападот на Католичката црква во Истанбул
Папата Фрањо, обраќајќи им се на верниците на плоштадот Свети Петар по молитвата Ангел Господов, го осуди нападот на вооружените напаѓачи врз католичката црква во Истанбул за време на неделната света Литургија, Турција, во кој загина најмалку едно лице.
Изразувам сочувство, рече Папата, до заедницата на црквата Света Марија Драперис во Истанбул, која претрпе вооружен напад за време на светата Литургија во кој едно лице загина, а неколку се повредени.
Во изјава за Vatican News, Апостолскиот викар на Истанбул и Апостолски администратор на Цариград, бискупот Масимилијано Палинуро, ја коментираше трагичната серија настани, апелирајќи до властите да ги истражат причините за нападите, за кои рече дека укажуваат на верска нетрпеливост.
Конкретните мотиви, изјави Апостолскиот викар за ватиканските медиуми, сѐ уште се непознати и треба да се проверат.
Некои елемнти укажуваат на верски мотивиран напад, мотив на верска нетрпеливост, рече бискупот Палинуро.