TOPSHOT-COLOMBIA-WEATHER-LANDSLIDE

Папата: Војната е злосторство против човештвото

По молитвата Ангел Господов во недела 14 јануари 2024 година папата Фрањо со остри формулации повика на мир во Украина и на Блискиот Исток. Војната сама по себе е „злосторство против човештвото“.

По пладневната молитва „Ангел Господов“, во својот апел Папата повика: Да не заборавиме да молиме за жртвите од одронот што се случи во Колумбија и предизвика бројни жртви. И овој пат тој повика на „незаборав“ кон сите што ги доживуваат суровоста на војната насекаде во светот, особено во Украина, Палестина и Израел.

На почетокот на 2024 година си посакавме мир, но оружјето продолжи да убива и уништува, рече Светиот Отец и повика на молитва за оние кои имаат моќ над овие воени конфликти да размислат дека војната не е начин за решавање на конфликтите затоа што само продолжува да сеат смрт меѓу цивилите и да уништуваат градови и инфраструктура.

Да не го заборавиме ова, војната сама по себе е злосторство против човештвото. На народот му треба мир. На светот му треба мир. Слушнав пред неколку минути на телевизиска програма отец Фалтас, викар на катедралата во Ерусалим, зборуваше за воспитување за мир. Мора да се воспитуваме за мир. Јасно е дека сè уште целото човештво не сме со такво воспитување што ќе ја запре секоја војна. Секогаш да молиме за таа благодат, „воспитување за мир“.

14 јануари 2024, 15:46