Папата Фрањо во аудиенција го прими премиерот на Демократска Република Сао Томе и Принсипе
Во четврток, 1 февруари 2024 година, во Апостолската палата во Ватикан Светиот Отец го прими во аудиенција премиерот на Демократската Република Сао Томе и Принсипе, Патрис Емери Тровоада.
Канцеларијата за печат на Светиот Престол објави соопштение во кое се наведува дека премиерот Тровоада потоа се сретнал со државниот секретар, кардинал Пјетро Паролин и со потсекретарот за односи со држави и меѓународни организации, монс. Мирослав Вачовски.
За време на срдечните разговори, се наведува во соопштението, се потенцирани добрите односи меѓу Светиот Престол и Демократската Република Сао Томе и Принсипе, а беа истакнати некои аспекти од политичката и социо-економската состојба во земјата, особено соработката во областите на образованието и здравството.
Средбата заврши со размена на мислења за меѓународните актуелни настани, со посебен осврт на безбедносните проблеми во земјите од африканскиот континент.