2024.03.01 Partecipanti al Convegno Internazionale "Uomo-Donna immagine di Dio. Per una antropologia delle vocazioni"

Папата: Побарав да се спроведе истражување за родовата идеологија

Папата Фрањо на 1 март 2024 година во аудиенција ги прими учесниците на средбата „Маж – жена, образ Божји. Повика на антропологија на звања“ и ја осуди родовата идеологија.

Собирот го организира Центарот за стручно истражување и антропологија на звања. Имајќи ја предвид здравствената состојба на Папата, Светиот Отец присуствуваше на средбата, но неговото обраќање го прочита монс. Филипо Чампанели. Сепак, на почетокот на средбата Папата накратко сподели неколку размислувања и ја осуди родовата идеологија, тврдејќи дека „укинувањето на различностите е укинување на човештвото“. Тој посочи дека побарал да се спроведе истражување за „страшната идеологија на нашето време“, родовата  идеологија „која ги укинува разликите“.

Во својот подготвен говор, Папата ја истакна важноста на размислување на академско ниво за звањата во Црквата и општеството. Потребно е да се фокусираме на антрополошката димензија и да се тргне од „елементарната и фундаментална вистина“ дека „животот на човекото битие е повик“.

Споделувајќи го своето битие и даровите со другите за општо добро, излегуваме од „изолацијата на самореферентното его“. Почнуваме на себе да гледаме како „идентитет во однос“, рече Папата и објасни: „Постојам и живеам во однос со оној што ме создал, со реалноста што ме надминува, со другите и со светот што ме опкружува, каде што сум повикан со радост и одговорност да прифатам специфично и лично послание“. Во денешниот културен контекст, понекогаш имаме тенденција да ја заборавиме или прикриваме оваа реалност, со ризик да го сведеме човечкото битие на материјални или примарни потреби, како да е предмет без совест и без волја.

Папата препорачува да не се задушува „здравата внатрешна напнатост“, односно повикот „за среќа, во полнина на животот, кон нешто големо за кое Бог нè наменил“. „Животот на секој од нас, без исклучок, не е случајност; нашето постоење во светот не е само резултат на случајност, туку сме дел од планот на љубовта и повикани сме да излеземе од себе и да го реализираме, за себе и за другите“, истакна Папата.

Повикани сме да дадеме свој придонес во подобрувањето на светот и обликувањето на општеството. Ова не е само надворешна задача, истакнува Папата, туку димензија која ја вклучува самата наша природа, структурата на нашето битие како маж, жена според образ и подобие Божјо. Затоа Папата поттикна истражување, проучување и можности за дискусија за звањата, различните состојби на животот и мноштвото харизми. „Тие се исто така корисни за преиспитување на денешните предизвици, постојаната антрополошка криза и неопходното промовирање на човечките и христијанските звања“.

На крајот, Папата ја нагласи важноста од развивање сè поефективна кружност помеѓу различните звања, што може „да придонесе за создавање надеж во свет над кој се надвиснати тешки искуства на смртта“.

 

03 март 2024, 17:48