Ватикан ги објави логоата и геслата за патувањето на папата Фрањо во Белгија и Луксембург
Канцеларијата за печат на Светиот Престол во вторник 25 јуни 2024 година, објави две логоа и поврзаните гесла за апостолското патување на папата Фрањо во Луксембург и Белгија.
Лого и геслото за посетата на Луксембург
Првиот дел од патувањето, кој се однесува на посетата на Луксембург на 26 септември, е прикажан во бела силуета оградена во сино, прикажувајќи го папата Фрањо на тркалезна жолта позадина која ја истакнува луксембуршката катедрала Пресвета Богородица. Жолтата боја ја следи белата- боите на знамето на Ватикан - тука доминираат нијанси на сина боја, што алудира, како што е објаснето во придружното соопштение за печатот, на богородичната побожност, која длабоко е вкоренета во историјата на таа мала земја. Во долниот дел од логото, од десната страна, стои геслото на апостолското патување: „Pour servir“, што се однесува на Христос кој дојде „не за да му служат, туку да служи“. Така, по примерот на својот Учител, Црквата е повикана да биде во служба на човештвото – се вели на крајот од соопштението.
Лого и гесло за посетата на Белгија
Истиот ден, на 26 септември, папата Фрањо ќе замине од Луксембург за Белгија, чија стилизирана сина мапа е основната структура на логото. На картата поминува пат по кој се движат неколку луѓе со различна големина, симболизирајќи ги нивните различни возрасти и со различни бои, кои означуваат култури, исто така стилизирани. Во центарот на таа мала толпа се издига, во бело, ликот на Папата. Под тоа е напишано мотото: „En route, avec Espérance“, кое - како што е објаснето во придружното соопштение за печат - е како покана да чекориме заедно, по патот кој е историјата на таа земја, но и Евангелието, патот на Исус Христос, нашата надеж.