2024.07.02 Prayer intention cover july 2024

Папата: Помазанието на болните е знак на исцелување, а не доаѓање на погребалната служба

Во видеото со молитвената накана на Папата за месец јули објавено од Светската молитвена мрежа Светиот Отец Светата Тајна помазание на болните ја нарекува „Тајна на оздравување“ што го лекува духот. Поттикот е да се поддржи делењето на оваа Света Тајна на болните, гледајќи во неа видлив знак на сочувство и надеж

За пасторалната грижа на болните - е наменета молитвената накана на Папата Фрањо за јули, објавена преку видео кое како и секој месец го изработува Светската молитвена мрежа на Папата во соработка со надбискупијата на Лос Анџелес. Во центарот на пораката е Светата Тајна помазание на болните, со која Папата сака да го отстрани секој страв. Имено, тој вели:

Помазанието на болните не е Света Тајна само за оние кои умираат. Не. Важно е тоа да биде јасно. Кога свештеникот му приоѓа на човек за да му даде помазание на болниот, тоа не значи дека му помага да се збогува со животот.

https://www.youtube.com/watch?v=lTzA2SqLhi0

Да се размислува за оваа Света Тајна од таа перспектива би значело откажување од секаква надеж, земајќи ја здраво за готово – додава Папата – дека по свештеникот ќе дојде погребалната служба. Светиот Отец забележува дека помазанието на болните е една од „Тајните на оздравување“, „лекување“, кое го лекува духот. Поради оваа причина, кога некој е многу болен, препорачливо е да му се даде помазание на болните.

Видлив знак на надеж и за постарите лица

Помазанието на болните не е наменето само за болните, туку е добро и за постарите – објаснува Папата, а на крајот ја објаснува молитвената накана што и ја доверува на целата Црква: Да молиме Светата Тајна помазание на болните да им даде сила од Господ на луѓето кои ја примаат и нивните најблиски и уште повеќе да стане видлив знак на сочувство и надеж за сите.

Заедничката димензија на Светата Тајна

Светите Тајните на Црквата се дарови - се вели во соопштението за печатот што го претставува видеото на Папата - тие се начините на кои Исус станува присутен за да благослови, охрабри, придружи, утеши. Таков е случајот и со делењето на Светата Тајна на помазанието на болните, Света Тајна која им дава утеха на болните и нивните најблиски. Покрај тоа, тоа е Света Тајна од заедничка природа - стои во соопштението за печатот, во кое се пренесуваат зборовите на папата Фрањо од Генералната аудиенција на 26 февруари 2014 година: „Во моментот на болка и болест, ние не сме сами: Свештеникот и оние кои се присутни за време на помазанието на болните ја претставуваат, имено, целата христијанска заедница која, како единствено тело, се собира околу оние кои страдаат и нивните семејства, зајакнувајќи ја верата и надежта во нив и поддржувајќи ги со молитва и братска топлина“. Сликите од видеото на Папата, снимени во американските бискупии Алентаун, Пенсилванија и Лос Анџелес, во Калифорнија, сведочат за тоа со прикажувајќи две различни приказни, но поврзани со благодатта на Светата Тајна, и истакнувајќи ги различните контексти во кои може бидат поделени.

Отец Форнос: Да не се двоумиме да предложиме помазание на болните

Помазанието на болните не треба да се гледа како чудесен гест на оздравување на болниот, но не треба да се смета ниту за знак за брза смрт. Оваа Света Тајна ја ветува Исусовата близина со болката на болниот, неговата утеха и прошка. За време на споменатата аудиенција во 2014 година, папата Фрањо истакна дека „помазанието на болните често е заборавено или помалку признато таинство, а всушност неговото значење е прекрасно.

Иако многумина повторно ја открија длабочината на Светата Тајна на помазание на болните - коментира отец Фредерик Форнос С.Ј., меѓународен директор на Светската молитвена мрежа на Папата - сепак често се сфаќа како начин да се подготват болните за смрт, затоа често постојат обиди да се одложи. Постои идејата дека по свештеникот ќе дојде погребалното - пишува отец Форнос.

Затоа папата Фрањо сака овој месец повторно да ја откриеме целата длабочина и вистинското значење на оваа Света Тајна: не само како подготовка за смрт, туку како Света Такна која им дава утеха на болните и нивните најблиски во време на тешка болест, и сила на оние кои се грижат за нив. Директорот на Светската молитвена мрежа на крајот повикува: „Сите ги познаваме болните, да молиме за нив и ако мислиме дека тие се соочуваат со сериозна болест - или можеби постарите се во сè послаба состојба - да не се двоумиме да предложиме да ја искуста оваа Света Тајна на утеха и надеж“.

08 јули 2024, 15:49