2024.05.10 Stati Generali della Natalità

Папата: Проблемот на светот не се децата што се раѓаат, туку консумеризмот и себичноста

На Светскиот ден на населението, папата Фрањо потсетува дека предизвикот за светскиот развој не е демографскиот раст, туку општествените структури кои се искривени од себичност и материјализам.

На Светскиот ден на населението, папата Фрањо потсетува дека предизвикот за светскиот развој не е демографскиот раст, туку општествените структури кои се искривени од себичност и материјализам.

„„Проблемот на нашиот свет не е тоа што се раѓаат деца, туку себичноста, консумеризмот и индивидуализмот што ги прави луѓето презаситени, осамени и несреќни #WorldPopulationDay““

Ова е објавата што се појави во четвртокот, 11 јули 2024 година, на профилот на Светиот Отец на социјалната мрежа „Х“ по повод Светскиот ден на населението, кој е на девет јазици. Одбележување на Светскиот ден на населението започна во 1989 година на предлог на Управниот совет на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Почнувајќи од 11 јули 1987 година, кога светското население ја премина границата од 5 милијарди, овој ден има за цел да го сврти вниманието на меѓународната заедница на итноста и важноста на демографските проблеми, особено во контекст на плановите и програмите за општ развој, и потребата да се најдат начини за нивно решавање.

Штетен вирус

Во своето учење, папата Фрањо често се навраќа на темата за демографските предизвици, особено, фокусирајќи се на намалениот наталитет во Европа, а посебно во Италија, нарекувајќи ја оваа ситуација вистинска „демографска зима“.

Говорејќи во мај оваа година пред учесниците на италијанските здруженија за семејства која ги обединува претставниците на властите и граѓанското општество за да размислуваат за демографската ситуација во Италија и во светот, Светиот Отец спомена дека во минатото имало голем број истражувања и теории за пренаселеноста на Земјата, кои предупредуваа дека имањето премногу деца ќе доведе до економски дисбаланс, недостиг на ресурси и загадување на животната средина.

Тој истакна дека „овие тези се одамна застарени“ и дека ваквите теории човечкиот живот го сметаат за проблем, а не за дар. „Во коренот на загадувањето на животната средина и гладот во светот не е раѓањето на деца, туку изборот на оние кои мислат само на себе, лудилото на нескротливиот, слепиот и незауздан материјализам, консумеризмот, кој, како штетен вирус, кој во основа го поткопува постоењето на луѓето и општеството“, нагласи Светиот Отец.

11 јули 2024, 16:51