Paris 2024 Olympic Games - Preparations

Светиот Престол се огласи за отворањето на Олимписките игри во Париз

Во сабота, 3 август 2024 година, Канцеларијата за печат на Светиот Престол објави соопштение за свеченото отворање на Олимписките игри на 26 јули 2024 годинаво Париз.

„Светиот Престол е ожалостен од некои сцени од церемонијата на отворање на Олимписките игри во Париз и може само да се придружи на гласовите што се кренаа во последните денови за да се осуди навредата нанесена на многу христијани и верници од други религии.

На престижен настан каде што целиот свет се обединува околу заедничките вредности, не треба да има никакви алузии со кои се исмејуваат верските убедувања на многу луѓе.

Слободата на изразување, која очигледно не е доведена во прашање, има своја граница во однос на другите“, се наведува во соопштението.

07 август 2024, 21:57