20224.08.09 2024.08.09 Cara a cara con el Santo Padre

Папата сака да ја посети Кина

Папата Фрањо во интервју со еден исусовец од Кина потврди дека би сакал да ја посети Кина. „Да, тоа е моја желба“, одговори тој на прашањето за можна посета на Кина што му го постави отец Педро Чиа, водач на прес-службата на кинеската провинција на Дружбата на Исусовци.

Заедницата на Исусовци, на која и припаѓа папата Фрањо, објави петнаесетминутно интервју на социјалните мрежи. Папата изјави дека би сакал да го посети маријанското светилиште во Шесан, додавајќи дека во неговата резиденција има копија од икона на Марија, Која се почитува таму.

Освен тоа, тој рече дека во Кина би сакал да се сретне со епископите и Божјиот народ „кои поминале многу и останале верни“. Целиот кинески народ е „мајстор за чекање и трпение “, истакна Папата. Тие го имаат „вирусот на надеж“ и тоа е нешто убаво“, рече Светиот Отец и повика на натамошно трпеливо пренесување на наследството на таа „голема нација“. Во интервјуто, папата Фрањо упати благослов до луѓето во Кина.

Во разговорот, исто така, стана збор за планирање на времето, справување со критиките и отпорот во Црквата, како и за богатството на харизмата на Исусовците. Папата ја пофали способноста за делегирање. „Ако сакате да правите сè сами, тоа не функционира“, објасни тој. Пред да се донесат одлуки, потребна е соработка, слушање и советување. „Немам тајни, го правам тоа што треба и со помош на сите“, рече тој.

Критиката е „секогаш од помош“, нагласи Папата. Дури и кога „не е конструктивна, секогаш помага затоа што поттикнува на размислување како да се постапи“.

На прашањето за „утешното искуство“ во неговата служба, Папата нагласи дека има многу такви искуства. Бог „самиот станува присутен во утехата“ и во тешките ситуации, нагласи Папата и додаде: „Чудо е тоа што го прави Господ“.

Кога станува збор за предизвиците на неговиот понтификат, папата Фрањо ги спомена војните во Украина, Мјанмар и Палестина. „Секогаш се трудам да ги решам преку дијалог, а ако тоа не успее, со трпение - и секогаш со смисла за хумор“, објасни.

Интервјуто е снимено на 24 мај во приватната библиотека на Апостолската палата, на празникот Богородица од Шесен.

Светиот Престол и Кина немаат дипломатски односи. Од 2018 година е во сила договор со кој се регулира договорното именување бискупи во Кина меѓу Папата и официјален Пекинг. Оваа есен договорот треба да биде продолжен по трет пат.

Посетата на Папата на земја со која Светиот Престол нема дипломатски односи би била невообичаена, а досега ниту еден Папа не ја посетил Кина. На посетата на Папата вообичаено и претходи покана од државните власти и од дотичната бискупска конференција.

12 август 2024, 22:28