Папата се сретна со Италијанец кој помина 33 години во затвор, а потоа е ослободен од обвинението
Папата Фрањо во петок 23 август 2024 година во приватна аудиенција, во библиотеката на Апостолската палата, го прими Бениамино Зунчеду, овчар од Сардинија, кој поминал 33 години во затвор под обвинение за тројно убиство во 1991 година, а е ослободен во јануари оваа година.
Зунчеду бил уапсен кога имал 26 години, а сега е 60 годишник. Заедно со својот адвокат напиша книга со наслов „Јас сум невин“, која му ја подари на Папата, во која го раскажува трагичното искуство што го живеел толку долго. Бил во три различни затвори, понекогаш делел мала ќелија со единаесет луѓе, со големи тешкотии дури и само да се измие и спие. Тоа беше нечовечко искуство, вели тој, но за него тоа беше време кога можеше да им помогне на оние на кои им беше полошо од него. Со доверба во Бог црпи сила да го издржи сето тоа, мислејќи на своето семејство. Зунчеду му прости на оној што го идентификуваше како повеќратен убиец, а потоа го повлекол обвинението.