2021.11.05 Messa Università Cattolica del Sacro Cuore

Папата Фрањо: Бидете сведоци на Божјата сочувство и милосрдната љубов

Во пораката по повод Националниот евхаристиски конгрес, што ќе се одржи од 23 до 25 август во Антсиранана, Мадагаскар, Папата изрази надеж дека настанот ќе им помогне на учесниците да негуваат чувства на милосрдие и солидарност кон сите, особено кон оние кои се во тешкотии.

Бидете мисионери на Христовата љубов – е поттикот што папата Фрањо го упати до учесниците на Националниот евхаристиски конгрес кој од 23 до 25 август се одржува во Антсиранана, Мадагаскар. Во пораката испратена до претседателот на Епископската конференција, монсињор Мари Фабиен Рахариламбонијаин, Папата посочува дека оваа средба, чија цел е да ги врати верниците на важните работи, помагајќи им повторно да го откријат значењето на евхаристиското обожавање и желбата поминуваат време со Христа, заради нивното христијанско растење, добива посебна вредност во времето кога се подготвуваме за крајот на Синодата за синодалноста. Нека ви помогне повторно да ја откриете важноста на средбата, молитвата и ангажирањето со другите и за другите, по стапките на Исус во Евхаристијата – истакна Папата и потсети, како што рече во говорот пред организацискиот одбор на Националниот евхаристиски конгрес на Соединетите Американски Држави на 19 јуни 2023 година, дека Евхаристијата нè поттикнува на силно посветена љубов кон ближниот.

Стогодишнината од Евхаристиското движење на младите

Освен тоа, во годината кога се прославува стогодишнината од Евхаристиското младинско движење, папата Фрањо истакнува дека верата во вистинското присуство на Господ денес е голем предизвик и ги охрабрува неговите членови да им помогнат на другите да го доживеат Исус во Евхаристијата. Помогнете им својот живот да го направат подарок на Бога – пишува Папата – соединети со оној Исус на олтарот, за да можат подобро да Го запознаат, да Го сакаат и да Му служат.

Негувајте чувства на милосрдие и солидарност кон сите

Светиот Отец на учесниците на Евхаристискиот конгрес им посака оваа средба да им помогне на сите во негувањето на чувствата на милосрдие и солидарност кон сите, особено кон оние кои се во неволја, на кои животниот пат секој ден им станува се потежок. На многу обесхрабрени луѓе кои гледаат на иднината со недоверба и песимизам, како ништо да не може да им донесе среќа, неопходно е да се донесе Господовата надеж - додаде цитирајќи ја булата Spes non confundit, со која го најави јубилејот во 2025 година. Бидете сведоци на неговото сочувство и неговата милосрдна љубов – поттикна папата Фрањо и на крајот повика на застапништвото на Пресвета Богородица како би можеле сите секој ден да го продлабочуваме својот однос со Христос.

26 август 2024, 23:09