Папата Фрањо пристигна во Индонезија
2024 година, во 11.15 часот по локално време, авионот со папата Фрањо слета на меѓународниот аеродром во Џакарта, главниот град на земјата.
Светиот Отец пред авионот го пречека министерот за верски прашања Јакут Калил Кумас. Деца во национални облеки му подарија цвеќе. Средбата не вклучуваше говори или разговори. По поздравувањето на делегациите и воените почести, Папата замина во нунцијатурата, која ќе биде негова резиденција на оваа етапа од патувањето.
Папата Фрањо е третиот Римски бискуп кој стапнал на индонезиска почва. Првиот беше свети Павле VI, кој ја посети оваа земја на 3 декември 1970 година за време на неговата апостолска посета низ азиските земји. Свети Иван Павле II ја посети земјата од 9 до 13 октомври 1989 година како дел од неговото 44-то Апостолско патување.
Првиот ден е наменет за одмор по летот: Папата Фрањо ќе започне со реазлизација на програмата на 4 септември. Во претпладневните часови пред претседателската палата ќе се одржи официјална церемонија на пречек, куртоазна посета на шефот на државата и средба со претставници на властите, граѓанскиот сектор и дипломатскиот кор, при што Светиот Отец ќе одржи говор. По приватната средба со Исусовците во Апостолската нунцијатура, која ќе се одржи пред ручекот, вечерта во катедралата Папата ќе се сретне со свештенството и посветените лица. Денот ќе заврши со инаугурација на центарот на образовното движење „Scholas occurrentes “.