Папата Фрањо: Комуникацијата треба да се „разоружа“
Папата Фрањо со години склопува мозаик за „почовечка“ комуникација, а темата на Светскиот ден на социјалната комуникација 2025 година – објавена во вторник, 24 септември од Канцеларијата за печат на Светиот Престол – додава уште едно парче, со наслов кој звучи како поттик за професионалците во секторот: „Споделете ја со добрина надежта што е во вашите срца“.
Не за „пардигми на конкуренција“
Во соопштението на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, се истакнува дека темата избрана за следната година се фокусира на фактот дека комуникацијата денес е премногу често насилна, насочена кон напади, а не кон воспоставување услови за дијалог. Затоа, неопходно е - како што се наведува во соопштението - комуникацијата да се разоружа, да се прочисти од агресијата, која ја има од телевизиски ток-шоуа до вербални војни на социјалните мрежи, каде што преовладува парадигмта на конкуренција, противење и желба за доминација.
Веродостојна порака
Комуникацијата, на која поттикнува папата Фрањо е проткаена со надеж, а за христијаните – се наведува во соопштението – „надежта“ е личност, а тоа е Христос. Овој вид на комуникација е секогаш поврзана со проект на заедницата; кога зборуваме за христијанската надеж, не можеме да ја игнорираме заедницата која ја живее пораката на Исус на веродостоен начин, која што дава навестување за надежта што ја носи со себе и е способна дури и денес да ја пренесе Христовата надеж со дела и зборови – се посочува во соопштението на Канцеларијата за печат на Светиот Престол.