Папата: Жални се разликите во образованието
Во четврток, 21 ноември 2024 година, папата Фрањо ги прими учесниците на првото пленарно собрание на Дикастеријата за култура и образование во Ватикан. Во оваа прилика, ја повтори важноста и потребата – како што се изрази – од „ризикот за спојување на двете реалности: културата и образованието“. Двете тогашни посебни тела на Светиот Престол со апостолската конституција „Praediate Evangelium“ ги соедини во една. Не бил мотивиран – рече Папата – „толку од потрагата по економска рационализација, не толку за тоа, туку многу повеќе за визии како можноста за дијалог, синергија и иновативност, кои тие две пдорачја можат да ги направат да бидат поплодни и комплементарни“.
Папата рече дека денес на светот „ му се потребни нови толкувачи на потенцијалот што човечките битија го носат во себе“ и дека „немаме корист од наставни модели кои се само „фабрики за резултати“, без културен проект кој овозможува оспособување на луѓето да бидат способни да помогнат на светот да сврти нова страница, искоренувајќи ја нееднаквоста, ендемската сиромаштија и исклучувањето“.
„Патологиите на денешниот свет не се непроменливи за да мораме да ги прифаќаме пасивно, уште помалку со задоволство“, рече Светиот Отец и продолжи дека училиштата, универзитетите и културните центри „треба да не научат да посакуваме, да останеме жедни, да сонуваме“, а на што потсетува и Второто послание на апостол Петар: „Очекуваме ново небо и нова земја, на кои ќе се настани правда.“
Папата вели дека тоа треба да стане „фундаментален критериум за проникливост и транформација на нашата културна и образовна практика“. Тој се изрази за тоа како „квалитет на очекување“ и постави клучно прашање за општествените институции: „Што всушност очекуваме?“ При тоа цитираше и дел од песнатт на Емили Дикинсон, охрабрувајќи ги насобраните да ја разберат нивната мисија во областа на образованието и културата „како повик да ги прошират своите хоризонти и да направат простор за невидени можности“.
Покрај другото, Папата истакна: „Наша должност е да им кажеме на просветните работници и уметниците: „Бидете дарежливи“. Ризикувајте“.
„Немаме причина да дозволиме стравот да не надвладее“, продолжи тој и изнесе две причини за тоа: „Прво, затоа што Христос е наш водич и сопатник. Второ, затоа што ние сме чувари на културно и образовно наследство, кое е поголемо од нас самите“. Тој додаде дека сме наследници на Августин, поезијата на Ефрем Сиријски, катедралните училишта, потоа оние што ги измислиле универзитетите и Тома Аквински, Едит Штајн, како и луѓето кои ги нарачале делата на бројните уметници.
Светиот Отец посочи дека сме наследници на уметниците кои биле вдахновени од Христовите таинства, како и од просветните и културните страсти на многу светци. Заради сите нив, „да се ослободиме од сиот товар на песимизам, песимизмот не е христијански и да се обединиме во ослободувањето на човекот од сенката на нихилизмот, кој е можеби најопасното зло на современата култура, и кое има претензии да ја избрише надежта. И да не заборавиме: надежта не разочарува, таа е сила. Тоа е слика за сидрото: надежта не разочарува“.
„Сметам на вас“ – продолжи Папата – „Јубилејната година, која е се поблиску, да може да го прошири овој крик. Многу има да се направи, ова е моментот да се засукаат ракавите“, и го изнесе фактот дека денес светот бележи најголем број студенти во историјата. Охрабрувачки е и тоа што околу 110 милиони деца завршуваат основно училиште, но и дека околу 250 милиони деца и адолесценти не посетуваат училиште.
„Морален императив е да се промени оваа ситуација. Затоа што културните геноциди не се случуваат само заради уништување на наследството; културен геноцид е кога ја крадеме иднината на децата, кога не им нудиме услови да станат тоа што би можеле да бидат. Кога гледаме деца во многу земји како одат низ ѓубришта, барајќи работи кои можат да ги продадат за да можат да јадат, да размислиме за иднината на човештвото со овие деца“.
Спомнувајќи ги, пак, зборовите на Антоан де Сент Егзипери од книгата „Земја на луѓето“ во која тој патува со воз, трета класа, полн со бегалци и гледајќи во овие луѓе, една рана го измачува, рече Папата, и продолжи со цитатот: „Ми пречи што во секој од нив е убиен по некој Моцарт.
Затоа Светиот Отец истакна дека нашата одговорност е огромна. Неизмерно. „Образованието е да имаш храброст да потврдиш друг со изразот на свети Августин: ‘Volo ut sis’ – Сакам да бидеш“. А тоа е образованието“, нагласи тој.
Понатаму, тој рече дека во овој контекст особено релевантна област, која ја одредува епохалната промена, се огромните скокови што се случуваат во научниот развој и технолошките иновации. Денес, не можеме да го игнорираме доаѓањето на дигиталната транзиција и вештачката интелигенција. Овој феномен не става пред клучните прашања, рече Папата и побара од универзитетските истражувачки центри да ги расветлат нивните предности и опасности.
„Не смееме да дозволиме да победи чувството на страв. Запомнете дека сложените културни транзиции често се покажуваат како најплодни и најкреативни за развојот на човековата мисла. Размислувањето за Христос, живиот, ни овозможува да имаме храброст да се упатиме кон иднината, со доверба во Господовото Слово што нè предизвикува: „Да преминеме на другиот брег. Тој вели. Појдете“, рече на крајот папата Фрањо, обраќајќи име се на учеснциите на правото пленарно собрание на Дикастеријата за култура и образование во Ватикан.