Папата Фрањо во Ајачио: Мир за целиот свет
Секаде каде што има пукање и убивање - од Блискиот Исток до Европа, до Азија - сето тоа се места што ги спомна папата Фрањо во Ајачио, на крајот од претпладневниот дел од неговото 47-то апостолско патување. По обраќањето пред свештенството, посветените лица и семинаристите, Папата повторно апелираше за мир пред да ја измоли молитвата Ангел Господов.
Мир за сите земји кои гледаат на ова море, особено за Светата Земја каде што Марија го роди Исус. Мир за Палестина, за Израел, за Либан, за Сирија, за целиот Блиски Исток!
Браќа или роднини нека постигнат договор
Папата, како и секогаш, го спомна измачениот Мјанмар, а потоа повторно премина на војната меѓу Украина и Русија.
Пресвета Богородица нека се моли за долгоочекуваниот мир за украинскиот народ и рускиот народ. Тие се роднини, браќа, не знам... Но нека се договорат.
Молитва за жртвите на циклонот Чидо
На крајот, Светиот Отец ги упати своите мисли кон сите погодени од циклонот Чидо, кој го погоди францускиот архипелаг Мајот во Индискиот Океан, предизвикувајќи смрт на петнаесет лица и повеќе од 25 повредени. Со сите нив сум духовно блиско – рече папата Фрањо.