За нас
Vatican News е информативен портал на Светиот Престол. Заедно со Радио Ватикан, L’Osservatore Romano и Vatican Media, сака „секогаш да одговори подобро за потребите на посланието на Црквата” во современата култура. Авантурата на Vatican News започна на 27 јуни 2015 година со Motu Proprio на Папата Фрањо со кој го основа Секретаријатот за комуникација, кој денес е Дикастерија на Римската Курија.
Надминувајќи го концептот да се биде едноставна дигитална платформа, Vatican News сака да одговори на сигурен начин и да ги предвиди постојаните промени кои се случуваат во комуникацијата, со цел „да допре евангелското милосрдие до сите луѓе” во различни култури. На едноставен начин комуницира и разменува преку аудио, видео, текст и слика на повеќе јазици, повеќе култури, повеќе канали, повеќе медиуми и повеќе уреди. Со четири тематски области обезбедува информации поврзани со активностите на Папата, Светиот Престол, локалните Цркви, а исто така дава простор и за вести од светот.
Врз основа на јазичната оперативна структура на Радио Ватикан (дизајнирано и конструирано од Џуљиело Маркони по барање на папата Пио XI, Радио Ватикан започна со емитување на 12 Февруари 1931) е основан Vatican News. Порталот не се обидува само да информира, туку и да донесе надеж на верата во целиот свет и да понуди клуч за толкување на фактите во светло на Евангелието. Водечките критериуми се „апостолски и мисионерски, со посебно внимание на страдањата, сиромаштвото и тешкотиите”. (Обраќање на Папата Фрањо до Пленарното Собрание на Секретаријатот за Комуникации, 4 мај 2019)
Уредништво
Андреа Торниели (главен уредник)
Серџо Центофанти и Алесандро Гисоти (заменици на главниот уредник)
Раководител на Радио Ватикан – Ватикан њуз
Масимилијано Меничети (заменик на главниот уредник)