Пребарување

Законски забелешки

ЗАКОНСКИ ЗАБЕЛЕШКИ

Секретаријатот за Комуникација (скратено „СК“) претставува Дикастерија (тело) на Римската Курија формирана на 27 јуни 2015 година со Апостолското Писмо во форма на Motu Proprio „L'attuale contesto comunicativo“ (Актуелниот контекст на комуникација). Дикастеријот е раководено од комуникацискиот систем на Светиот Престол.

Задача на СК е развивање на еден нов комуникациско унитарен, интегрален и мултимедијален систем за евангелизациската мисија на Црквата и (систем) кој ќе биде спремен да го валоризира сето она што во историјата се има развиено внатре во комуникациската структура на Светиот Престол.

ПРАВИЛА И УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ

Пристапот, консултацијата и користењето на страниците од овој портал (скратено „Портал“), како и употребата на услугите кои тој ги нуди, имплицираат прифаќање од страна на корисникот (скратено „Корисник“) на следниве „Правила и услови на користење“.

СК си го зачувува правото, без предупредување и во секој момент, со апсолутна дискреција да врши измени и/или ажурирање на содржините на Порталот и на изложените „Правила и услови на користење“, информирајќи го Корисникот преку објавување на самиот Портал. Следното пристапување по измената и/или ажурирањето на „Правилата и условите на користење“ подразбира целосно прифаќање на истите од страна на Корисникот.

Права на интелектуална сопственост

Содржините на страницата, како што се за пример, а и повеќе од тоа, сликите, звуците, видеата, музиките, текстовите, фотографиите, графиката, фајловите, марките, местата, вестите, софтверот и секој друг тип на материјал и/или информација во секој формат (скратено „Содржини“), се во ексклузивна сопственост на СК, или на негово располагање и се заштитени со copyright и во секој случај не можат, ниту целосно ниту само дел, во секоја форма или преку било кое средство, да бидат користени, менувани, копирани, дистрибуирани, публицирани, пренесувани, предавани, репродуцирани или користени на било кој друг начин без писмена согласност на самиот СК, вклучувајќи ја овде и продажбата, суб-лиценцирањето, создавањето на дела произлезени од истите или искористување на било кој начин, дури и бесплатно.

Порталот може, исто така, да содржи и слики, документи, производи, места и марки на трети страни, кои експлицитно го имаат авторизирано СК за публикација на истите на Порталот, и кои исто така, самите се заштитени со copyright (авторските права).

Директно се забранува репродукција на марката и/или на логото на СК.

Името „Секретаријат за Комуникација“ не може да се користи како интернет адреса од други страници или како дел од таквите адреси.

Ограничувања на одговорноста

Содржините од овој Портал се добронамерно обезбедени и СК се грижи таквите Содржини да одговараат на барањата за автентичност, точност и комплетност. И покрај тоа се можни грешки, непрецизности и пропусти и СК ја отфрла секоја одговорност во таа смисла, осигурувајќи навремено исправање на истите, тогаш кога за истите ќе бидат известени.

СК не превзема никаква одговорност во однос на употребата на Содржините која трети страни би можеле да ја имаат.

Во ниеден случај СК не треба да биде сметан за одговорен за евентуални вируси или контаминации предизвикани од пристапот на Порталот и/или од навигацијата на истиот, со кои би можел да се сретне Корисникот.

СК не превзема никаква одговорност за содржините на интернет страни на трети страни со кои Порталот на СК има активирано пренасочувачка врска (скратено „линк“) и за нивната релативна употреба од страна на Корисникот. Линковите не налагаат одобрување од поврзаните интернет сајтови, во однос на чиј квалитет, содржини и графика СК ја отфрла секоја одговорност. Корисникот кој одлучува да ги визуелизира претходно споменатите интернет страници го прави на сопствен ризик превземајќи ја целосната одговорност за евентуалните штети од вирус или контаминации предизвикани од пристапот и/или визуелизацијата на самите страници.

Во секој случај СК не сноси одговорност за штети и/или загуби и/или предрасуди од каков и да е вид, директни или индиректни, предизвикани или на некој начин поврзани, со користењето на Порталот и/или на Содржините или на визуелизацијата и/или на користењето на содржината од страна на страниците кои се со него поврзани, кои трети страни може да ги имаат.

Заштита на личните податоци

СК гарантира дека личните податоци на Корисникот до кои би се дошло до знаење користејќи ги услугите (скратени „Услуги“) на Порталот ќе бидат третирани со најголема резервираност и ексклузивно само за целите опфатени со самите Услуги. Евентуалните трети страни кои нудат услуги за Страницата, гарантирајќи го третирањето на податоците со ист степен на резервираност гарантиран од СК, ќе можат да ги користат личните податоци на Корисникот.

Корисникот користејќи ги Услугите ќе прифати автоматски третирање на своите лични податоци и ако не се согласува не треба да ги користи достапните Услуги на Порталот.

Применлив закон и компетентен суд

Изложените „Правила и услови на користење“ се регулирани со постоечкиот закон на Државата Ватикан и за секој евентуален спор произлезен од интерпретацијата или извршувањето на истите, компетентен, ексклузивно, ќе биде Судот на Државата Ватикан.