Пребарување

2024.02.24 Bishop Stoyanov prayed for peace in Ukraine - Nord Macedonia

Епископот Стојанов упати молитва за мир во Украина

Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов во капелата на Македонски Каритас ја предводеше Молитвата за мир во Украина.

Во петок 23 фервруари 2024 година Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов во капелата на Македонски Каритас ја предводеше Молитвата за мир во Украина. На неа учество зедоа директорот на Македонски Каритас, отец д-р Зоран И. Стојанов, катедралниот капелан во Скопје патер Томислав Рукавина, сестри Евхристинки и вработените од Македонски Каритас.

Осврунвајќи се на војната во Украина епископот Стојанов ја потенцираше силата на молитвата, со која Господ може да го обдари светот со мир. Во неговиот повик на молитва за мир во Украина тој истакнува: Колку и во моментов мирот да изгледа далечен и неможен сепак Исус вели: „Неможното за луѓето е можно за Бога“ (Лука 18,27).

Истовремено за мир во Украина се молеше и преку брановите на Радио Марија и во останатите црковни институции.

Во својот повик на молитва за мир во Украина епископот Стоајнов ги повика сите свештеници, монаси, монахињи, црковни движења и верниот Божји народ на Католичката црква во Македонија и сите луѓе со добра волја да се приклучат кон молитвата, поттикнувајќи во сите парохиски цркви во сабота на 24 февруари 2024 година, на денот на почетокот на војната, да се моли за мир.

24 февруари 2024, 10:30