Пребарување

2024.01.31 Incontro di preghiera per la pace promosso dalla Missione permanente della Santa Sede presso l’Ufficio Onu di Ginevra

Постојаната мисија на Светиот Престол при ОН во Женева со молитвена средба го одбележа Светскиот ден на мирот

Постојаната мисија на Светиот Престол при Обединетите нации и меѓународните организации во Женева ги собра членовите на меѓународната заедница и претставници на различни религии за да размислуваат за скапоцениот дар на мирот

На овогодинешното одбележување на 57. Светски ден на мирот, кардиналот Мигел Ангел Ајусо Гишо се осврна на пораката на папата Фрањо за тој ден, нагласувајќи дека технолошкиот напредок треба да биде придружен со етичка рамка за да се обезбеди процут на културата на мирот и изградбата на подобро општество.

Домаќин на годишниот молитвен собир, кој се одржува по петнаесетти пат, беше Постојаната мисија на Светиот Престол при Обединетите нации и меѓународните организации во Женева. На молитвената средба присуствуваа членови на дипломатскиот кор, водачи на меѓународни организации и претставници на различни верски заедници.

На присутните им беа презентирани кратки размислувања од претставници на различни верски заедници присутни во Женева, вклучително и Евреи, будисти, суфи муслимани, протестанти и грчки православни христијани.

Во соопштението за печатот се истакнува дека размислувањата биле придружени со молитвени повици на арапски, кинески, француски, англиски, руски и шпански јазик. Музиката ја организираа филипинскиот и африканскиот хор на парохијата Свети Иван XXIII, каде што се одржа настанот.

На меѓуверските претставници им беше доделено маслиново гранче, како спомен од настанот и знак на заедничките напори за промовирање на мирот.

Завршната молитва ја предводеше бискупот на Лозана, Фрибург и Женева, монс. Чарлс Мород.

01 февруари 2024, 10:50