Пребарување

2024.04.17 Mons. Stojanov ha incontrato padre Sebastijan Sujević, provinciale della provincia croata di Isusovci

Бискупот Стојанов се сретна со провинцијалот на Хрватската провинција Исусовци

Во среда 17 април 2024 година во бискупската резиденција на Водно, Скопскот бискуп и Струмичко – скопски епарх монс. д-р Киро Стојанов се сретна отец Себастијан Шујевиќ, провинцијал на Хрватската покраина Исусовци.

Средбата помина во срдечна братска атмосфера разговарајќи за дејноста на Црквата во Македонија со посебен акцент во Скопје каде што дејствуваат оците Исусовци, како и за духовните звања во бискупијата и провинцијата.

Соговорниците изразија благодарност за досегашната заемна соработка со желба за понатамошно пасторално дејствување за доброто на верниот Божји народ и Католичката црква во Македонија.

Отец Себастијан Шујевиќ овие денови се наоѓа во Скопје во визитација на своите собраќа, катедралниот парох о. Винко Маслаќ и парохискиот викар о. Томислав Рукавина, кои се на служба во Скопска бискупија и Катедралната парохијата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје.

17 април 2024, 11:00