Пребарување

2024.04.09 Mons. Stojanov si è congratulato con il nuovo vescovo della diocesi "St. Johannes XXIII"

Епископот Стојанов упати честитка до новиот епископ на епархијата „Свети Иван XXIII“ со седиште во Софија

По повод именувањето на монсињор Петко Валов за епископ на епархијата „Свети Иван XXIII“ со седиште во Софија, Бугарија, Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монс. д-р Киро Стојанов честитки до новименуваниот епископ .

По повод именувањето на монсињор Петко Валов за епископ на епархијата „Свети Иван XXIII“ со седиште во Софија, Бугарија, Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монс. д-р Киро Стојанов, на 9 април 2024 година 2024 година, упати искрени и братски честитки во негово лично име, како и во име на свештениците, монахињите, монасите и верниците на Скопска бискупија и Струмичко – скопската епархија до новименуваниот епископ Петко Валов.

Во честитката владиката Стојанов ја истакнува довербата која Светиот Отец, папата Фрањо, ја искажа кон новоименуваниот епископ, препознавајќи ја неговата посветеност и неуморна работа во служба на Црквата. Воедно својата честитка монсињор Стојанов ја упатува и до свештенството, монашките заедници, црковни движења и сите верници од епархијата „Свети Иван XXIII“.

Во честитката се истакнува дека епископската служба со себе носи и нови предизвици и служења, при тоа се послужи со цитат од Свети Иван XXIII во кој се вели: „Советувањата треба да се водат со понизност, извршувањето со храброст, а делата да се примаат со благодарност.” Користејќи ги тие три крепости епископот Стојанов во честитката продолжува со зборовите: Господ Бог нека ви ги дарува овие дарови на понизност, храброст и благодарност за Вашата апостолската служба, за да го водите доверниот народ по патот на Животот, Љубовта и Вистината.

На крајот од честитката епископот Стојанов пишува. „Во духовното наследство на Свети Иван XXIII и Света Мајка Тереза, чиишто животи беа посветени на служењето и љубовта кон ближниот, посакувам Вашата епископска служба да биде исполнета со многу благослови и радости и по таа накана молам од нив да се застапуваат пред Бога за Вашето одговорно апостолско служење на Божјиот народ.“

09 април 2024, 10:01