Бискупот Стојанов се сретна со г. Константин фон Бранденштајн – Цепелин
Својата посета во Германија епископот Стојанов ја заврши со средба со г. Констандин фон Бранденштајн – Цепелин
Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монс. Киро Стојанов посетата во Германија ја заврши со средба со г. Константин фон Бранденштајн – Цепелин, поранешен претседател на Германската малтешка служба за помош. Средбата се се одржа во недела 26 мај 2024 година во просториите на парохијата Свети Ѓорги“ во Ајтерфлед.
Во пријатниот и срдечен разговор епископот Стојанов го запозна г. Константин фон Бранденштајн – Цепелин со животот на Црквата во Македонија, посебно осврнувајќи се на активностите на Македонски Каритас.
На средбата двајцата соговорници ја истакната желбата за соработката и унапредување на односите.
27 мај 2024, 14:27