Пребарување

2024.07.07 Ordinazione vescovo Valov Bulgaria

Епископот Стојанов сослужуваше на хиротонијата на монсињор Петко Валов

Во сабота 6 јули 2024 година во црквата „Свети Иван XXIII“ во Софија, Скопскиот бискуп и Струмичко - скопски епарх монс. д-р Киро Стојанов сослужуваше на хиротонијата на новоименуваниот епископ на епархијата „Свети Иван XXIII“, монсињор Петко Валов.

Епископот Стојанов го придружуваше протојереј отец д-р Зоран И. Стојанов, декан на Деканатот „Свети Кирил и Методиј“, директор на Македонски Каритас и ректор на светилиштето во Паљурци.

Главен посветител беше монсињор Христо Пројков, поранешен епископ на епархијата „Свети Иван XXIII“, а сопосветители беа бискупот Страхил Каваленов од Никополската бискупија и монсињор Мануел Нин од Грција.

На хиротонијата присуствуваа и сестри Евхаристинки од Македонија, на чело со провинцијалната сестра Бернардина Сирачева.

Монсињор Петко Валов е роден на 8 јануари 1966 година во Софија (Бугарија) во христијанско семејство и завршува стоматологија.

Студирал филозофија на Папскиот факултет Урбанијана и, откако се преселил во Папскиот грчки факултет, посетува теологија на Папскиот универзитет Грегоријана во Рим, магистрирајќи моралната теологија на Папската Алфонсиска академија во Рим.

За свештеник е ракоположен на 11 октомври 1997 година за епархијата Свети Иван XXIII.

Ги извршувал следните функции: од 1999 година парохиски свештеник на парохијата „Успение на Пресвета Богородица“ во село Ново Делчево; од 2008 година е делегат на Католичката црква во Националниот совет на верските заедници во Бугарија; од 2009 година канцелар на епархијата; од 2013 година, делегат на Извршниот одбор на епархиската добротворна фондација „Рождество Христово“ за самохрани мајки; од 2020 година, секретар на Бугарската меѓуепископска конференција; од 2022 година претседател на УО на Каритас Софија.

Освен бугарски, зборува италијански, англиски, француски, руски, разбира црковнословенски и македонски јазик.

08 јули 2024, 16:09