Пребарување

2024.07.08 The parish holiday of the "Birth of Saint Јохн the Baptist" church in Strumica was celebrated

Прославен паторниот празник на црквата „Раѓање на Свети Иван Крстител“ во Струмица

Со свечена архиерејска Литургја предводена од Н.В.П. монс. д- Киро Стојанов, во недела 7 јули 2024 година, е прославен патрониот празник на црквата „Раѓање на Свети Иван Крстител“ во Струмица.

На евхаристиското славење со епископот сослужуваа протојереј ставрофор отец д-р Зоран И. Стојанов, декан на Деканатот „Свети Кирил и Методиј“, директор на Македонски Каритас и ректор на светилиштето во Паљурци, протојересј отец Гоце Костов, парох и директор на Радио Марија и отец Ванчо Назов, парох во Сарај и Чанаклија. Покрај верниот народ, на светата архиерејска Литургија присуствуваа и сестри Евахристинки. За време на светата архиерејска Литургија шест деца од парохијата преку благодатта Божја прв пат се соединија со Телото и Крвта Христови, примајќи го Господ Исус Христос.

На почетокот од својата проповед епископот Стојанов до парохот и верниците најпрво упати честитки по повод патрониот празник на парохијата, како и до сите оние кои денес го слават својот именден. Потоа осврнувајќи се за празникот истакна дека домот на Захарија и Елисавета се исполни со радост поради раѓањето на нивниот син, Иван, кој е зачнат на чудесен начин. При тоа тој рече дека Бог не дозволува да биде надминат во великодушноста, а за тоа знак е раѓањето на Иван Крстител.

Понатаму осврнувајќи се посетата на Марија на Елисавета и средбата на Исус и Иван, истакна дека Захарија и Елисавета го примиле Исус во нивнио дом, додека тој сѐ уште беше во утробата на неговата мајка и додаде дека покрај биолошкото семејство, постои и духовно семејство кое го сочинуваат сите оние кои живеат со Бога, а тоа посебно се остварува на оние кои го примаат Господ Исус Христос во Пресветата Причест.

На крајот од светата Литургија, парохот отец Гоце Костов се заблагодари на епископот, присутните свештеници и народот Божји за евхаристиското заедништво, по што следуваше молитвата за потполн опрост, а заврши со многаја лета и заедништво во парохиската сала.

 

08 јули 2024, 16:13