Пребарување

2024.07.16 Presentazione Meeting Rimini 2024, ambasciata d'Italia presso la Santa Sede

Средба во Римини 2024 година: Демократијата е ранлива

Претставено е новото издание на Средбата за пријателство меѓу народите или познатата средба во Римини, која ќе се одржи од 20 до 25 август, а на која ќе учествуваат верски претставници и претставници од светот на политиката и културата. На отворањето на настанот ќе биде латинскиот патријарх на Ерусалим, кардиналот Пјербатиста Пицабала.

Во Римини ќе се одржат 140 конференции со околу 450 италијански и меѓународни говорници. Податоците се однесуваат на традиционалната средба на пријателството меѓу народите, односно познатата Средба во Римини, која ќе се одржи во тој град во италијанската област Емилија Ромања од 20 до 25 август. Годинешното 45-то издание носи наслов: „Ако не го бараме суштинското, тогаш што бараме?“ и ќе биде богата, како и секоја година, со дискусии, тркалезни маси, изложби, културни и спортски и иницијативи и настани за деца. Настанот е претставен на 15 јули во Рим, во италијанската амбасада при Светиот Престол.

Бернхард Шолц (Фондација Meeting): Дијалогот е лек за омразата

Претседателот на фондацијата Meeting, Бернхард Шолц, се осврна на најактуелните настани и рече дека обидот за атентат на Доналд Трамп и некои од последователните толкувања драматично ни ја покажаа ранливоста на демократијата. Против отровот на омразата и презирот, теориите на заговор и екстремните поларизации, средбите, дијалогот и дискусијата се основните противотрови.

Министерот Тајани: Ставете го човекот во центарот

Средбата ќе биде отворена на 20 август во 12.00 часот со средба насловена „Присуство за мир“ со латинскиот патријарх на Ерусалим, кардиналот Пјербатиста Пицабала. На презентацијата зборуваше и италијанскиот потпретседател на Советот на министри и министер за надворешни работи, Антонио Тајани, кој истакна како е убеден дека е фундаментална потрагата по мир, особено во време како сегашното, со војната во Украина и на Блискиот Исток, во кои цивилите се тие кои ја плаќаат највисоката цена за лошите одлуки. Од суштинско значење е да се стави човекот во центарот, да се заштити етичката визија за важни прашања како што е вештачката интелигенција. Важно е да се ангажираме за раст, а сите овие теми се во центарот на италијанското претседателство со групата Г7, почнувајќи од состанокот на министрите за трговија што ќе се одржи во Реџо Калабрија во наредните денови - рече министерот Тајани.

На Средбата, семето на помирувањето среде војните

Според претседателот на фондацијата Meeting, Бернхард Шолц, целта е повторно да се организира Средба, која се фокусира на големите предизвици на овој историски момент, во расположение на меѓусебно почитување и преку размена и споделување на искуства и знаења. Не е важно строгото намалување на потребниот минимум, туку тоа што се дава да живее и да процвета, што го отвора хоризонтот на смислата за нашата секојдневна работа, за образованието на нашите деца, за нашиот ангажман за доброто на сите - рече Шолц и на крајот нагласи:  На средбата ќе ги претставиме микробите на помирувањето кои се раѓаат среде војните, средбите кои станаа градилишта за мир.

Спомен на судијата Ливатино

На темата на Средбата се осврна и потпретседателот на италијанскиот Висок судски совет, Фабио Пинели, кој потсети дека суштината на правдата ја сочинуваат бројни компетентни и почитувани италијански судии кои секојдневно работат за доброто на земјата, давајќи предност на димензијата на служењето и идеалниот поттик специфичен за нивната функција, наместо на димензијата на моќта. Еден од тие млади судии беше и Росарио Ливатино, кој исто така ќе биде спомнат на овогодинешната Средба, секако за жртвата на својот млад живот, но и како модел на судија кој давал, модел на „уставен судија“ - нагласи Фабио Пинели.

Група од 180 партнерски компании

Секој ден, Средбата 2024 ќе биде збогатена со придонесот на истакнати личности од институционалниот, културниот, академскиот и претприемачкиот свет, како и претставници на Црквата и различните религии и култури. Во среда, на 21 август во 15.00 часот, на темата на средбата во Римини зборуваше Адриен Кандијар, Француски доминиканец, член на Доминиканскиот институт за ориентални студии. Покрај средбите, ќе се одржат 14 изложби и 17 претстави, од кои голем дел ќе се одржат во градскиот театар Гали. Се зголемува и бројот на партнерски компании кои годинава ќе достигнат 180.

23 јули 2024, 16:55