Молитвена накана на епископот Стојанов за декември 2024 година
Волонтерството е пример за бесплатно служење, за кое треба да копнее секој христијански живот
Бројни се волонтерите во Црквите и други организации и здруженија, кои своите таленти, вештини и време го посветуваат за доброто на ближниот и општеството.
Без нивниот ангажман можеби нема да го слушнеме гласот на ’нечуените’ и нема да можеме да ги видиме потребите на ’невидливите’.
Нашата молитвена поддршка нека поттикне во нив сила и ентузијазам постојано да бараат нови патишта во корист на општото добро.
Благодарни на Бога за нивната посветеност, да одвоиме малку време и да ја искажеме нашата благодарност за нивниот важен придонес, а преку нашите молитви Господ Бог нека им дарува мудрост за да продолжат да служат во корист на општото добро и за слава Божја. Нека ја најдат Господовата радост во нивното бесплатно служење.