Пребарување

2023.09.19 Papa visita a Santa Maria Maggiore prima di Marsiglia

Престојната посета во Марсеј папата Фрањо ја довери на Пресвета Богородица

Во вторник, 19 септември 2023 година, папата Фрањо ја посети базиликата Света Марија Велика за да ѝ го довери на Пресвета Богородица своето Апостолско патување во Марсеј

Во пресрет на дводневната посета на францускиот град Марсеј, папата Фрањо во вторник на 19 септември ја посети базиликата Света Марија Велика, застанувајќи во тивка молитва пред иконата на Пресвета Богородица „Salus Populi Romani“ -соопшти Канцеларијата за печат на Светиот Престол.

Римскиот бискуп го довери своето претстојно апостолско патување во Марсеј под заштита на Пресвета Богородица, а потоа со автомобил се врати во Ватикан.

Посета на Папата на Марсеј

Папата Фрањо треба да отпатува во јужниот француски град во петок попладне на 22 септември, а во Рим ќе се врати во сабота на 23 септември.

За време на дводневната посета, во петок, 22 септември, Папата ќе учествува на богородична молитва со свештенството на Марсејската надбискупија, а ќе има и момент на размислување заедно со верските лидери пред споменикот на изгубените во море морнари и мигранти.

Во сабота, на 23 септември, Светиот Отец приватно ќе се сретне со луѓе кои се со економски проблеми.

Потоа ќе учествува на завршната сесија на „Медитеранските средби“, пред да се сретне со францускиот претседател Емануел Макрон.

Последниот настан на Папата ќе биде светата Литургија на стадионот „Велодром“ во сабота попладне, на 23 септември, пред да се врати во Рим.

20 септември 2023, 10:47