Пребарување

2023.12.15 Organizzatori del Concerto di Natale con i Poveri e per i Poveri

Папата: Во божиќниот концерт со сиромашните има вистинска христијанска порака

Папата Фрањо се сретна со организаторите на концертот што се одржа во петок 15 декември 2023 година во салата Павле VI. Можноста да се одржи бесплатен концерт за илјадници сиромашни луѓе, рече Папата, покажува чувство на братство

Полесно е да се создаде хармонија со ноти отколку со луѓе... но тоа не е случај со вас! Успеавте да воспоставите хармонија меѓу себе! – со овие зборови папата Фрањо ги пречека организаторите на божиќниот концерт за сиромашните во Ватикан, кој се одржа на 15 декември, во салата Павле VI. Три илјади луѓе - бездомници, мигранти, сиромашни - по покана на Дикастеријата за милосрдие и неколку волонтерски здруженија, можеа да слушаат традиционални божиќни композиции кои се изменуваа со класичната како Моцарт, Росини и Чајковски. Концертот го изведе оркестарот и хорот на Римската опера заедно со 200 членови на хорот на Римската бискупија под раководство на Сперанза Скапучи и монсињор Марко Фрисина, на кои Папата посебни им се заблагодари.

Доследност со пораката за Божиќ

Успеавте да понудите бесплатен концерт на илјадници сиромашни луѓе; со музика овозможивте момент на средба, споделување, а потоа храна и ќебиња – рече папата Фрањо, нагласувајќи дека токму тоа е значењето на зборот „братство“; и дека е многу доследна со пораката за Божиќ.

Од 'за сиромашните' да 'со сиромашните'

Карактеристика на тој концерт, кој оваа година е веќе четврто издание, не е само тоа што е концерт 'за сиромашните' туку е и 'со сиромашните'; токму во оваа разлика на преминот од 'за' до 'со' се наоѓа целото значење на христијанската порака:

Почнуваме од 'за', но сакаме да стигнеме до 'со'. Тоа е христијански. Бог дојде поради нас, но како? На кој начин? Дојде да живее со нас, згора на тоа, станува како нас. Ова таинство секогаш не остава без зборови. Преголемо е, нѐ надминува. А сепак, можеме да го искусиме тоа во средба со другиот кој е различен од мене: кога моето давање нешто за него или неа станува примање, кога станува споделување, кога станува пријателство.

Затоа папата Фрањо ги поттикна присутните да молат тоа да се случи. Музиката не е доволна, не се доволни светилки и украси, потребна е молитва - истакна папата Фрањо, доверувајќи ги сите учесници под застапништвото на Марија, нашата Мајка.

16 декември 2023, 10:00