Генерална аудиенција: Умереноста води до вистинска радост
Божиќните јасли се како извор од кој ја црпиме Божјата близина, извор на надеж и радост. Тие е како живо евангелие. Јаслите се место каде што може да му ги донесеме на Исус - исто како и пастирите од Витлеем и луѓето од Гречио - своите очекувања и грижи, рече Светиот Отец во катехезата што ја започна со овие зборови:
Пред 800 години, на Божиќ во 1223 година, Свети Фрањо подготвил живи јасли во Гречио. Додека во домовите и на многу други места се подготвуваат или довршуваат божиќните пештери, добро е повторно да го откриеме нивниот почеток. Како настанаа божиќните пештери? Која била намерата на Свети Фрањо? Самиот тој вели за тоа: „Сакам да го прикажам Детето во Витлеем и некако со физички очи да ги видам непријатностите во кои се наоѓало тоа дете Поради недостиг на потребните работи за новороденче, како го ставаат во јасли и како лежеше на сено меѓу вол и магаре“.
Папата рече дека свetи Фрањо не сакал да создаде убаво уметничко дело, туку намерата му била преку божиќната пештера да предизвика восхит за големата Господова понизност, за нелагодностите што од љубов кон нас ги доживеа во сиромашната пештера во Витлеем. И како што пишува Тома Келански, биографот на Фрањо, во таа трогателна сцена блеска евангелската едноставност, се слави сиромаштвото и се препорачува понизност. Гречио станал како нов Витлеем, а Светиот Отец се запрашал кој е изворот на нивната извонредна божиќна радост? Секако, не затоа што се носеле подароци дома или затоа што некој учествувал во некоја раскошна прослава.
Не, тоа беше радоста што извира од срцето кога раката ја допира Исусовата близина, нежноста Божја кој не те остава сам, туку те утешува. Близина, нежност и сочувство. Тоа се трите Божји карактеристики: близина, нежност и сочувство. Гледајќи во јаслите, да молиме пред јаслите и ќе можеме да ги почувствуваме тие три Божји карактеристики кои секојдневно ни помагаат во животот.