Пребарување

2023.12.13 Udienza Generale

Папата: Да молиме за Украина, Израел и Палестина

Папата Фрањо во среда 20 декември 2023 година ја одржа својата катехеза во салата Павле VI повика на молитва за Украина, Израел и Палестина и жртвите во Кина, и Гвинеја

На крајот од Генералната аудиенција во среда 20 декември 2023 година, Папата најпрво ја поздрави групата ходочесници од 'Mediterranea Saving Humans', здружение кое спасува мигранти на Средоземното Море - како што рече - „сиромашните луѓе кои бегаат од ропството во Африка“.

Покрај тоа, своите молитви ги упати и за жртвите и повредените во разорниот земјотрес што во понеделникот ги погоди кинеските провинции Гансу и Синга. Околу 500 лица се повредени, а 200 се загинати. Ги охрабри спасувачките служби и моли за Божјиот благослов и утеха за сите. Папата и во оваа прилика пред светската јавност зборуваше за злото на војната, дека војната е секогаш пораз. И да не заборавиме...

Во војната победуваат само производителите на оружје. Ве молам, да размислиме за Палестина, за Израел. Да размислиме за Украина, чиј амбасадор е присутен, маченичката Украина која многу пати. И да размислиме за децата во војна и се што гледаат во неа. Да појдеме до јаслите и да се помолиме на Исус за мир. Тој е кнезот на мирот.

Исто така, Светиот Отец ја изрази својата близина со семејствата на жртвите и повредените на почетокот на неделата во главниот град на Гвинеја кога осум лица загинаа, а 84 беа повредени во експлозијата на главниот нафтен терминал во Западна Африка. Господ нека ги укрепи и нека им даде надеж“, рече папата Фрањо пред бројните ходочесници.

23 декември 2023, 12:43

Последни Ауденции

Прочитајте сé >