Зеленски се заблагодари на Папата за поддршката во мировните напори за Украина
Нов телефонски разговор меѓу папата Фрањо и Володимир Зеленски. Самиот украински претседател го објави ова вечерва во говорот објавен на официјалната веб-страница на претседателството и на неговиот Х профил.
„Само што разговарав со Неговата Светост Папата Фрањо за да изразам благодарност за неговите божиќни желби до Украина и до Украинците – рече Зеленски – за неговите желби за мир, праведен мир за сите нас. Разговаравме за нашата заедничка работа на Формулата за мир: повеќе од 80 држави се веќе вклучени на ниво на нивните претставници. Ќе има и други. Благодарен сум на Ватикан – заклучи тој – што ја поддржува нашата работа“.
Папата Фрањо го прими украинскиот претседател во Ватикан на 13 мај 2023 година, втора средба лично по онаа во 2020 година и прва по руската инвазија на Украина.
Разговори на Папата и Зеленски
По нападот на 24 февруари 2022 година, имаше неколку телефонски разговори меѓу папата Фрањо и Зеленски. Првиот датира од 26 февруари минатата година, два дена по почетокот на конфликтот. Папата - објави Зеленски на Твитер - изрази длабока тага за трагичните настани што се случуваат во земјата, додека претседателот изјави дека украинскиот народ ја чувствува духовната поддршка од понтифот.
Друг телефонски разговор се случи на 22 март 2022 година. Зеленски на Твитер информираше дека му соопштил на Папата за „тешката хуманитарна ситуација и блокирањето на коридорите за помош од страна на руските сили“, истакнувајќи дека „ја поздравува улогата на посредување на Светиот Престол за да се стави крај на човечкото страдање“.
Потоа следуваше уште еден телефонски разговор на 12 август 2022 година. Повторно на Твитер, украинскиот претседател објави дека разговарале за ужасите што населението ги трпи поради руската инвазија. Зеленски изрази благодарност до Папата за неговите молитви и се надева на негова посета на Киев.