Папата: Да ја намирисаме реалноста со добри дела, отстранувајќи ја омразата и стравовите
Икона, тилма (наметка н.з.), рози: ова е пораката на Богородица од Гвадалупе. Ова го истакна папата Фрањо на светата Литургија, која ја служеше на шпански јазик во базиликата Свети Петар, на празникот Богородица од Гвадалупе. Литургиските обреди на славењето ги предводеше префектот на Дикастеријата за епископи, кардинал Роберт Превост, заедно со Папата и повеќе од триста сослужители, меѓу кои кардинали, бискупи и свештеници. Во кратката проповед, во присуство на три илјади верници, папата Фрањо го истакна значењето на она што на чудесен начин беше втиснато на наметката на Свети Хуан Диего во декември 1531 година.
Тоа е ликот на првата ученичка, мајката на верниците, на самата Црква, која останува втисната во понизноста на она што сме и го имаме, кое не вреди многу, но ќе биде нешто големо во очите на Бога, втиснато во тилмата.
Вашата кревка реалност намерисајте ја со добри дела
Но Светиот Отец пред сѐ се задржа на цвеќињата кои се во центарот на чудото на Гвадалупе, посочувајќи дека во мистицизмот ги претставуваат крепостите што Господ ги всадува во срцето, а кои не се наше дело. Чинот на нивно берење ни открива дека Бог сака да го прифатиме овој дар, да ја намирисаме нашата кревка реалност со добри дела, да растеме во крепостите и да ги отстрануваме омразата и стравовите – истакна папата Фрањо.
Крепости кои ги нема светот
Ликот на Марија втисната на наметката на Хуан Диего е нејзиното „да биде“ меѓу нас - истакна Римскиот бискуп, додавајќи дека тоа престојување значи трајно да останеме втиснати во сиромашните облеки, намирисани со крепости собрани во свет кој не изгледа способен да ги создаде, кои го исполнуваат нашето сиромаштво во едноставноста на малите гестови на љубов, кои ја осветлуваат нашата тилма, без да сме свесни за тоа, со ликот на Црквата која го носи Христос во својата утроба.
Марија, нашата мајка
На крајот, папата Фрањо повторно се осврна на иконата, тилмата и розите од Гвадалупе, кои ни кажуваат дека Марија е мајка, која е со сите нас и дека пренесувааедноставна порака.
Таа порака не штити од бројни општествени и политички идеологии кои често многу силно ја користат гвадалупската реалноста за да си создадат основа, да се оправдаат и да се збогатат. Пораката на Гвадалупе не толерира идеологии од каков било вид. Само иконата, тилмата, розите.