Ангел Господов: Исус дојде за грешниците и во крштението ги чисти нашите срца
Иван Крстител крстил со обред на покајание; за оние кои понизно и искрено доаѓале да се крстат на реката Јордан, тој чин изразуваше обврска да се напушти гревот и да се започне пат на преобраќање. Исус, кој ја започнува својата служба дозволувајќи да биде крстен од Иван, со тоа покажува дека сака да биде близок со грешниците, дека дојде заради нив, заради сите нас кои сме грешни – објасни папата Фрањо во своето пладневна обраќање на празникот Крштевање Господово, 7 јануари 2024 година, кое се празнува во недела по празникот Богојавление.
Дарот на нов живот
Преку крштението, Бог нè прави негови деца – истакна Папата и објасни што се случува кај сите кога се прима оваа Света Тајна.
Крштението: Бог е тој што влегува во нас, ни го чисти и лекува срцето, нè прави негови деца засекогаш, негов народ и неговото семејство, наследници на рајот. Бог станува близок со нас и никогаш не заминува од нас.
Ден за паметење
Денот на сопственото крштение треба да се памети и важно е да се знае датумот – истакна Светиот Отец, како што веќе кажа во различни прилики.
Ве прашувам сите, секој од вас, размислете: Дали го знаете на датумот на своето крштение? Ако не се сеќаваш на тоа, кога ќе се вратиш дома, прашај, за да не го заборавиш пак, зашто е нов роденден, бидејќи со твоето крштение си роден за благодатен живот.
Папата потоа поттикна да му заблагодариме на Бога за крштението, за родителите кои нè доведоа до крштение, за оној што ни ја поделил таа Света Тајна, за кумот и кумата, за заедницата во која го примивме.
Прифатете го Божјото присуство
На крајот, ги охрабри верниците да размислуваат за дарот добиен на крштението и за нивните односи со Бога и дека сите треба да се запрашаат: Дали сум свесен за огромниот дар што го носам во мене преку крштението? Дали ја препознавам во мојот живот светлината на Божјото присуство, кој во мене гледа свој сакан син, сакана ќерка?
Во спомен на сопственото крштение, да го прифатиме Божјото присуство во нас. Тоа можеме да го направиме со знакот на крстот, кој во нас го опишува споменот на благодатта Божја кој нè љуби и сака да биде со нас.