Пребарување

Верници со знамето на Никарагва на плоштадот Свети Петар Верници со знамето на Никарагва на плоштадот Свети Петар 

Папата ја изрази својата загриженост за апсењето на свештениците во Никарагва

На крајот од пладневното неделно обраќање, прво во 2024 година, папата Фрањо упати апел за Никарагва, земја во Централна Америка, каде што се уапсени 14 свештеници и еден бискуп, и каде што бискупот од Матагалпа монс. Алварез е во затвор од февруари 2022 година, без редовна судска постапка. Папата ја изрази својата близина со Црквата во таа земја и ги охрабри верниците на постојана молитва: „Се надевам дека секогаш ќе се бара патот на дијалогот за да се надминат тешкотиите.

Папата Фрањо изрази тага и загриженост поради ситуацијата во Никарагва, каде бискупи и свештеници се лишени од слободата. Во пладневното обраќање по молитвата Ангел Господов на 1 јануари 2024 година, Светиот Отец се осврна на таа земја во Централна Америка, каде што, по насилството врз Црквата и свештениците во 2018 година и во 2022 година протерувањето на нунцијот и околу 220 монаси, со месеци се сведоци на нов бран апсења и ограничувања на верски настани.

Пат на дијалог

Токму на затворените свештеници и бискупи, како и на нивните семејства и на целата Црква во таа земја, Папата ја вети својата молитвена близина. Ве охрабрувам на постојана молитва сите вас овде присутни и целиот Божји народ, и се надевам дека секогаш ќе се бара патот на дијалогот за да се надминат тешкотиите. Денес да молиме за Никарагва – рече папата Фрањо.

Нови апсења

Само во последните неколку дена се уапсени најмалку 14 свештеници, меѓу кои и бискупот од Сиуна, монсињор Исидоро дел Кармен Мора Ортега. Бискупот беше уапсен откако молеше за монсињор Роландо Хозе Алварез Лагос, бискуп од Матагалпа и апостолски администратор на Естели, кој беше осуден на 26 години затвор без редовна судска постапка и е во затвор од минатиот февруари.

02 јануари 2024, 10:18