Папата Фрањо: Никогаш да не се заборави геноцидот во Руанда
Тоа е страшен геноцид, страшен. Никогаш да не се заборави, да не се повтори никогаш.
Ова беа зборовите на папата Фрањо во саботата наутро, на 27 јануари 2024 година, на средбата со членовите на италијанската непрофитна организација Nolite Timere.
Организацијата собира средства за сиропиталиште во Мбаре, Руанда, основано да им служи на децата кои останале без родители по геноцидот во 1994 година во таа земја.
25 години солидарност
Слоганот на организацијата Nolite Timer, истакна папата Фрањо, е „Дајте надеж за да се започнете од почеток“.
Да се започне од почеток, Папата ги повтори овие зборови. Прекрасно и убаво е што тоа го доживеавте на толку опиплив начин, поздравувајќи ги стотиците деца од сиропиталиштето.
Cité of Nazaret, е името на сиропиталиште недалеку од главниот град на Руанда, Кигали, а е основано од надбискупот Салваторе Пенакио, Апостолски нунциј во земјата од 1998 до 2003 година. Сиротопиталиштето во моментот вдомува 429 сирачиња и сиромашни деца од целата земја.
Веќе четврт век, истакна Римскиот бискуп, работите заедно за децата, со отворен дух и безусловна љубов, обединети со заедничката желба да им подарите насмевка и надеж за подобра иднина.
Пријателство, а не ѕидови
Папата се осврна и на логото на сиропиталиштето, на кое, посочи, е прикажана руандска корпа, симбол на солидарност и споделување.
Ова нè потсетува, рече Папата, дека во свет каде што ѕидовите и поделбите меѓу луѓето и народите се множат, за вистинското милосрдие нема пречки.
Nolite Timere, непрофитна организација со седиште во Италија, редовно испраќа финансиска поддршка и групи волонтери да работат во сиропиталиште во Руанда.
Војната и оружјето им ја одземаат насмевката и иднината на децата, нагласи тој. Затоа е убаво што се трудите да создадете нови можности за пријателство, создавајќи врски кои траат ... надминувајќи ги разликите во возраста, националноста, културата и социјалниот статус, рече на крајот папата Фрањо.